• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Dr. David Servan-Schreiber - „Против ракот - нов начин на живот“ Печати

Кој е Dr. David Servan-Schreiber?

Dr. David Servan-Schreiber е познат француски невропсихијатар и клинички професот по психијатрија на Универзитетот во Питсбург, основач на Центарот за интегративна медицина и еден од основачите на американскиот огранок на организацијата „Лекари без граници“, наградена со Нобелова награда за мир во 1999 година.

Dr. Servan-Schreiber е и автор на два светски бестселери „Оздравување – лечење на стресот, анксиозноста и депресијата без лекови и психотерапија“ и актуелниот бестселер „Против ракот - нов начин на живот“.

Во книгата „Против ракот – нов начин на живот“, која стана светски хит, тој ја раскажал својата вистинска животна приказна и го опишал својот долг соживот со туморот на мозокот. „Против ракот – нов начин на живот“ е трогателна приказна за потрага по рамнотежата, но води и радикална расправа за влијанието на околината, животниот стил и траумите во настанувањето на ракот, предупредувајќи дека во сите нас „спијат“ клетки на ракот, а останува на нас самите да го исчистиме својот сопствен „терен“.

Во својата 31 година од животот, Dr. Servan-Schreiber бил малку арогантен, многу амбициозен и успешен лекар, научник и управник на Истражувачката лабораторија за функционално отсликување на мозокот во Питсбург. Работел со уште двајца колеги на едно истражување во кое се користела магнетната резонанца (МРИ). Со МРИ била испитувана мозочната активност на студентите – волонтери, додека тие извршувале некои наредби. Еден ден, еден од студентите волонтери не дошол на испитувањето, па Dr. Schreiber решил испитувањата да се направат на него. Кога почнале со снимањето, истражувачите имале што да видат. Dr. Schreiber имал тумор на мозокот, многу малиген, со лоша прогноза. И тогаш, преку ноќ, животот целосно му се променил. Тоа било пред 17 години, а прогнозата на лекарите гласела: 6 недели живот без операција или 6 месеци живот со операција!

Следеле две операции, рецидив (повторување на болеста) и 13 месеци хемотерапија. Dr. Servan-Schreiber цврсто се држел до конзервативната западна медицина, но постепено се заинтересирал и за природните способности на телото да се заштити од туморот, кои, како што верува тој, можат да се искористат за спречување или за борба против ракот.

Dr. Servan-Schreiber објаснува: „Ако сите ние имаме потенцијален рак, кој скриен лежи во нас, тогаш и телото има створено потенцијал да се бори против настанувањето на туморот. На нас е да ги искористиме природните механизми на одбрана, кое нашето тело ни ги нуди. Другите култури тоа го прават многу подобро отколку ние. Денес Dr. Servan-Schreiber тврди дека станал лекар кој најмногу води сметка за овие механизми.

„Едно од сознанијата од мојата борба против ракот е дека во сите нас спијат клетки на ракот, но со својот начин на живот одлучуваме дали тие ќе се активираат или не, односно дали тие ќе го нападнат и победат нашето тело, вели Dr. Servan-Schreiber.

„Медицинскиот третман ми го спаси животот, но по неколку години, ракот повторно се појави. По рецидивот сватив дека на медицината морам и самиот да и помогнам, користејќи го своето знаење и вештина“, истакнува Dr. Servan-Schreiber, кој ја анализирал појавата и честотата на ракот во светот.

Тоа што Dr. Servan-Schreiber го научил е дека ракот е болест на нерамнотежата, т.е. губиток на рамнотежата. Познато е дека постојат промотори на ракот во секој од нас, вели Dr. Servan-Schreiber, може да се запраша кои се тие промотори во нашиот живот. Ризични се цигарите и прекумерното консумирање на алкохол, потоа рафинираниот шеќер, белото брашно, омега – 6 масните киселини. Од нив треба да се откажеме, советува Dr. Servan-Schreiber, исто како и од разните пластични греачи за вода, некои хемиски средства за чистење и друго.