• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Природен лек за хепатит Ц се крие во листовите на боровинката Печати

Листовите од боровинката содржат хемиско соединение, кое го блокира ширењето на инфекцијата со вирусот на хепатитот Ц, откриле јапонските научници. Со ова се отвара нова тераписка можност за хроничните форми на хепатитот Ц, кои можат да доведат до цироза и рак на црниот дроб.

Хепатитот Ц уште е познат и под името „тивка епидемија“. Милиони луѓе ја имаат оваа болест, но многу од нив не се ни свесни за тоа, бидејќи немаат никакви симптоми и знаци на болеста дури и со децении по инфицирањето со вирусот на хепатитот Ц. Како пример само, според истражувањата на Американскиот Национален Институт за Здравје, околу 1.8% од американската популација (или околу 3.9 милиони Американци) се заразени со вирусот на хепатитот Ц.

Кај повеќето луѓе заразени со вирусот на хепатит Ц се развива хроничен хепатит Ц.

Инфекцијата станува хронична, бидејќи имунолошкиот систем на организмот не е во состојба да ја уништи инфекцијата и вирусот. Кај голем број на луѓе, хепатитот Ц е асимптоматско заболување, а тоа значи дека кај нив не постојат симптоми и знаци на болеста. Тие може да немаат никакви симптоми и знаци на болеста многу години, па дури и децении по инфицирањето со вирусот на хепатитот Ц.

Не постои ваквина против хепатит Ц инфекцијата, а досегашната расположива терапија е успешна само кај 60% од пациентите, а често е пропратена со многу несакани ефекти.

Хепатитот Ц најчесто се јавува во областите во јужниот дел на Јапонија, што беше причина да професорот Хироки Катаока и неговите колеги од универзитетот Мијазаки поинтензивно ги истражуваат опциите за третман на хепатитот Ц.

Катаока и неговите колеги веруваат дека со локализирање на ХЦВ во црниот дроб може да го забави развојот на болеста за 20 години, а диеталните додатоци можат да помогнат ширењето на болеста да биде уште побавно ли потполно.

Научниците испитувале околу 300 различни земјоделски производи кои би можеле да го стопираат ширењето на HCV и откриле дека лекот се крие во листовите од боровинката „зајачко око“ која расте во југоисточните делови на САД.

Научниците ги прочистиле состојките и го идентификувале „проантоциандин“, полифенол сличен на хемикалиите, кои се наоѓаат во грозјето и виното. Бидејќи проантоциандин може да биде штетен, професорот Катаока и неговите колеги истакнале дека неговата ефективната концентрација против HCV е стотина пати помала од токсичната доза.