• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Со природни лекови против болка, воспаление, несоница...

Постојат многу билки кои се природни лекови кои помагаат при слаба до умерена болка. Затоа, наместо постојано да посегнувате кон таблетите, обидете се да ги намалите болките со „лековите“ од природата. Со нането може да ја ублажите болката во стомакот, со ѓумбирот да ја намалите мачнината, со бромелинот да го намалите воспалението...

Често луѓето кога ќе почувствуваат болка, веднаш посегнуваат за таблета, која ќе го реши проблемот за дваесетина минути. Но, произволното земање на таблети поприми огромни размери, а многу луѓе забораваат на листата на несаканите ефекти од таблетите. Затоа, најдобро е прво да пробате да ја ублажите болката со природните лекови, кои се, исто така, делотворни, а немаат никакви несакани ефекти.

Нормално, доколку болката продожува и не се смирува со природните билки, најдобро е да го посетите вашиот доктор, а не да земате таблети против болка на своја рака. Болката е симптом, а не болест, а тоа значи дека треба да се открие вистинската причина зошто таа се јавува.

Со нане против болки во стомакот

Во народната медицина нането се покажало како природен лек при: стомачни заболувања (пролив и надуваност, болки на стомакот), заболувања на дишните патишта (воспаление на уста, грло и при кашлица), нервоза, болести на жолчната кеса и жолчните патишта, цревни заболувања, болести на црниот дроб итн.

Овој стар лек посебно често се користи при болки во стомакот. Со помош на нането ќе ја одстраните надразнетоста на желудникот, сите проблеми со варењето на храната, гасовите и надуеноста.

Валеријана против нервоза и за добар сон

Во народната медицина коренот од валеријаната широко се употребува во вид на тинктура и сируп како природно средство на смирување. Во некои земји се употребува и како природен лек против ракот.

Успешно се користи во анти-пушачките третмани затоа што ефикасно го прочистува организмот од наталожениот никотин, ја намалува потребата за цигари, нервозата и вознемиреноста. Со успех се користи при проблеми со несоница, тегоби при патување, а и во секојдневниот живот на епилептичарите за подобро поднесување на кризните грчеви и напади.

Чајот од коренот на валеријаната успешно се користи при лекување на сите нервни заболувања. Се постигнуваат извонредни резултати при епилепсија, хистерија, хипохондрија, нервоза, вознемиреност, несоница, грцеви околу срцето, нервозни грчеви на душникот, астма, грчеви и болки во желудникот и цревата, при подуеност на цревата, повраќање, вртоглавица. Се препорачува и за лекување на невротска главоболка.

Бројни иструвања покале дека валеријаната го враќа нормалниот сон без никакви негативни последици, а покрај тоа не создава зависност, што е случај со таблетите за смирување и за спиење (седативи).

Ѓумбир против мачнина

Зачините не се само состојки кои го подобруваат вкусот на јадењата, туку можат да послужат и како делотворен домашен лек бидејќи содржат драгоцени состојки...

Коренот од ѓумбирот содржи етерични масла и лути состојки (гингерол), кои го смируваат нервниот систем, го поттикнуваат лачењето на плунка, желудечните сокови и жолчката. Со тоа мастите побрзо согоруваат. Оваа состојка ја поттикнува и работата на цревата и исфрлањето на штетните материи од организмот.

Кога станува збор за лековитите својства на ѓумбирот, одамна е познато дека тој е одлично природно средство за смирување на сомачната нервоза. Исто така, консумирањето на ѓумбирот може да ги смири незгодните мачнини кои ги имаат патниците на бродовите за време на крстарење.

Се уште со сигурност не се знае како ѓумбирот дејствува против мачнина, но американските експерти потсетуваат дека некои претходни истражувања покажале дека ѓумбирот во цревата дејствува како јак антивоспалителен агенс.

Научниците претпоставуваат дека ѓумбирот ги блокира сигналите во мозокот кои поттикнуваат на повраќање и така не ослободуваат од мачнината. Некои истражувања дури покажале дека ѓумбирот дава подобри резултати при утринска мачнина отколку лекот драмамин, со тоа што ѓумбирот, за разлика од драмаминот, не предизвикува поспаност.

Бромелин против воспаление и болка

Бромелинот го има во големи количини во ананасот. Оваа состојка ги ублажува воспаленијата и го намалува отокот при акутните воспаленија на синусите, грлото, помага при артрит, гихт и го забрзува оздравувањето после операции и повреди.

Бромелинот е природен лек против настинка и бронхит, бидејќи го разредува секретот во дишните патишта и го олеснува неговото искашлување. Некои истражувања дури покажале дека кај некои воспаленија, бромелинот би можел да се користи наместо антибиотик. За да ова својство на ананасот целосно се искористи, се препорачува консумирање на ананас помеѓу оброците, инаку ензимите се искористуваат за процестот на варење на храната. Бромелинот се наоѓа во петелките и во плодот на ананасот, но се инактивираат со топлина. Затоа конзервираниот ананас не е добар извор на овие ензими, па најдобро е тој да се консумира свеж.

Научниците сметаат дека бромелинот ги разградува протеините во крвта и на тој начин го намалува воспалението, кое предизвикува болка. За разлика од препаратите од аптеките, кои како несакани ефекти можат да имаат болки во желудникот и срцеви тегови, бромелинот е потполно сигурен и не предизвикува никакви несакани ефекти. Затоа, конусмирајте свеж ананас.

 

Прочитајте и: