• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Намалете го ризикот за рак на дојка Печати

Пред неколку години, на сите жени над 40-тата година од животот им се советуваше да одат на редовни годишни прегледи, со цел на време да се открие ракот на дојката. Но, денес ракот на дојката се почесто ги напаѓа и помладите жени. Се вели дека нема правило кого ќе го зафати ракот на дојката. И тоа е многу блиску до вистината. Сепак, со одредени животни навики може да се намали ризикот за рак на дојка.

Еве што ви препорачуваат лекарите за да го намалите ризикот за развој на рак на дојка:

Намалете го консумирањето на алкохол

Неодамнештните истражувања покажале поврзаност помеѓу алкохолот и ракот на дојката. Намалете го консумирањето на алкохол, бидејќи алкохолот не само што го зголемува ризикот за рак на дојка, туку може да предизвика и многу други заболувања. Заедно со цигарите, алкохолот е најлош начин за да се смирите или да ги лечите нервите. Постојат многу подобри, поприродни и поздрави начини за тоа.

Вежбајте барем 3 пати неделно – со вежбање до здравје.

Обидете се секој ден на различни начини да го активирате вашето тело. На пример, ако во вашата зграда постои лифт, кој вие редовно го користите, почнете да се качувате или симнувате пешки. Ако имате куче, шетајте го подолго. Ако имате деца почнете да си играте со нив. Сето ова нема само да ви ги „размрда“ мускулите, туку ќе ви пружи и вам и на вашите блиски огромно задоволство. Не се оптеретувајте со размислувањето дека само вежбање во теретани е физичка активност. Секогаш кога ќе го придвижите своето тело сте направиле нешто добро за своето здравје. Редовната физичка активност не само што го зајакнува кардиоваскуларниот систем, туку го зајакнува и целиот организам, а тоа е одлична превенција против многу заболувања.

Одржувајте нормална телесна тежина

Тоа не значи да држите ригорозни диети. Килата треба да одговара на вашата телесна висина и возраст. Но, доколку имате висок на килограми, потребно е да ги намалите со правилна и здрава исхрана, богата со овошје и зеленчук, а сиромашна со масти.

Истражувањата спроведени во Anderson cancer center во Хјустон пожале дека гојаните лица имаат помали можности за ислекување од рак, ако до него дојде, а и болеста напредува многу поагресивно кај нив, отколку кај лицата сол нормалнба телесна тежина.

Правете самопреглед на дојките еднаш месечно

За разлика од другите малигни заболувања, кои се скриени во телото, ракот на дојката може да се открие со самопреглед. Со самопреглед, во околу 90-98% од случаите жената сама ја открива промената, но за жал тоа е обично кога туморот е веќе поголем од 2 см во пречник и е веќе напреднат.

Наједноставен начин за рано откривање на било какви промени на дојките е прегледот кој секоја, претходно добро обучена жена сама ќе го изведе на своите дојки. Секоја жена најдобро го познава своето тело и најрано ќе забележи било каква промена на своите дојки.

Самопрегледот е најефтина, наједноставна, најбезбедна, а воедно и најефикасна скрининг метода.

Секоја жена, по 20 годишна возраст, би требало сама да ги прегледа дојките еднаш месечно.

При самопрегледот, жената треба да се обрне внимание на следниве промени:

  • промена во обликот или големината на дојката,
  • набораност на кожата,
  • тврдина во дојката,
  • исцедок од брадавката на дојката (гној, крв, млеко),
  • вовлекување на брадавката,
  • црвенило околу брадавката,
  • раничка на кожата на дојката,
  • отечена жлезда во пазувата.

Правете мамографија

Мамографијата е најефикасна, неинвазивна, рендгенска метода за преглед на дојките, кај која се користи специјално вграден рендгенски апарат (мамограф), кој го има посебно конструирана рендгенска цевка која емитира зраци со мала енергија (околу 20kV).

По 30-тата година од животот направете мамографија барем еднаш годишно.