• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Омега-3 масните киселини од оревите и масната риба - во превенција на срцевите болести

Неодамна во часописот American Journal of Clinical Nutrition е објавено истражувањето во кое биле споредувани ефектите од внесот на ореви и масни риби во превенцијата на болестите на срцето.

Испитувањето било спроведено на здрави доброволци и ова е всушност прво истражување во кое се споредувани ефектите на билните и морските извори на омега-3 масните киселини.

Резултатите од ова истражување покажале дека и оревите и рибата се важни во исхраната и дека допринесуваат за намалување на ризикот за развој на срцева болест. Но, било утврдено дека нивните механизми на делување биле различни. Имено, се чини дека оревите го намалуваат нивото на холестеролот во крвта, додека масните риби го намалуваат нивото на триглицеридите во крвта.

Тоа во пракса значи дека со исхрана богата со ореви и масна риба можат да се намалат вредностите и на холестеролот и на триглицеридите во крвта, не само кај лицата со срцево заболување, туку и кај здравите лица.

Истражувачите утврдиле дека со внесување на 42 грама, односно една шака цели ореви или околу 3 лажици мелен орев, се намалува нивото на серумскиот вкупен холестерол за 5.4%, а нивото на LDL, т.н. „лош“ холестерол за 9.3%, во споредба со контролната група на испитаници која консумирала храна врз база на американските препораки.

Истражувачите, исто така, утврдиле дека со внесување на околу два оброка масна риба (лосос) неделно, се намалува нивото на триглицеридите за околу 11.4%.

Бидејќи резултатите од ова истражување покажале дека омега-3 масните киселини од двата извора (билно и морско) имаат кардиопротективно дејство, при што делуваат на различни начини, научниците препорачуваат да се и оревите и масната риба вклучат во секојдневната исхрана.

 

Прочитајте и: