• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
И мажите патат од остеопороза Печати

Остеопорозата ја знаеме како сериозна болест која скоро ексклузивно ги напаѓа жените, но таа стана здравствен проблем и кај мажите. Затоа во САД, врз база на новите водичи на здравје, кои ги направиле стручњаците од престижниот American College of Physician, и на мажите над 60 години им се препорачува тестирање со кое би се утврдило дали имаат проблеми со остеопорозата.

Остеопорозата е метаболно заболување на коскениот систем, чија основна карактеристика е намалување на коскената маса по единица волумен и структурни нарушувања во самото коскено ткиво. Тоа доведува до постепено намалување на еластичноста на коските и до појава на скршеници, посебно во пределот на бутот и зглобовите. Овие скршеници се јавуваат и при мал физички напор или повреда. Во потешките форми на остеопороза може да дојде и до искривување на 'рбетот. При остеопорозата постои зголемена порозност на коските.

Препораките, кои биле објавени во часописот Annals of internal medicine, по прв пат се усмерени кон факторите на ризик кои и кај мажите можат да доведат до развој остеопороза, болест која ги ослабува коските. Резултатите добиени со ревизија на 200 различни студии покажале дека до 65 годишна возраст, 6 од 100 мажи патат од орстеопороза, а да за тоа најчесто не се ни свесни.

Машки фактори на ризик за развој на остеопорозата се во прв ред пушењето, седечкиот начин на живот, ниска телесна тежина, недоволно ниво на витамин Д и калциум во организмот