• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Пијте најмалку 2 литра вода дневно - за 50% помал ризик од рак на мочен меур Печати

Сигурно го знаете правилото кое вели дека треба да внесувате најмалку 8 чаши вода дневно. Ова правило скоро сите го знаат, но не и сите го применуваат.

Водата е составен дел на телото и претставува 60% од вкупната телесна тежина. Секој систем и процес во телото зависи од водата. Таа е вклучена во отстранувањето на отровите од виталните органи, во доставувањето на хранливите материи во клетките и во одржувањето на неопходната влажност во ушите, носот и грлото.

Водата секојдневно се губи со дишење, потење, мочање и варење на храната. Бидејќи човечкиот организам неможе самиот да создава вода, мора да ја надомести со конзумирање на течности и со храна која содржи вода (супи, сосови, овошје – лубеница, диња, портокал, зеленчук – крставици, тиквички, домат).

На просечен возрасен човек му се потребни од 2,2 до 3 литри течност на ден. Препораките на експертите за исхрана се дека мажите треба да внесуваат 3 литри, а жените 2,2 литри течност дневно.

Водата игра важна улога во превенцијата на ракот на мочниот меур. Ова е досега наједноставен начин на превенција кој е откриен. Магичното дејство на водата се крие во следново: водата ги испира канцерогените супстанции од организмот. Со тоа се намалува времето на контактот на овие канцерогени супстанции со sидот на мочниот меур. Најдобро дејство се постигнува ако 10 чаши вода ги распоредите во текот на целиот ден.

Иако и други врсти на течности можат да ве заштитат, сепак лекарите првенствено ја препорачуваат чистата вода, бидејќи таа не содржи токсини и калории. Всушност, вишокот на калории е уште еден фактор на ризик за развој на рак.