• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Доете го вашето бебе што подолго - за 11% помал ризик од рак на дојка Печати

Доете го вашето бебе 12 месеци и ќе го намалите ризикот за рак на дојка за 11%. Секое следно родено бебе го намалува ризикот за рак на дојка за уште 7%.

Објаснувањето на оваа појава најверојатно лежи во тоа што во текот на доењето се намалува нивото на естрогенот (многу тумори се поврзани со високата концентрација на естроген).

Можно е доењето да го менува и составот на клетите на дојката, поради што тие стануваат поотпорни на канцерогените промени. Во секој случај, со доењето не се штитите само себе си, туку ги штитите и своите ќерки. Истражувањата покажале дека жените кои биле доени имаат три пати помал ризик да заболат од рак на дојка во споредба со оние жени кои, како бебиња, биле хранети со вештачко млеко.