• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Други третмански опции - Лист 2 Печати
Индекс на артикл
Други третмански опции
Страна 2
Сите страници

Терапија со бисфосфонати

Најнова форма на палијативен третман на коскените метастази и нивните компликации е со примена на лековите наречени бисфосфонати.

Третман на коскените метастази со бисфосфонати

Постојат два типа на метастазични коскени оштетувања (лезии):

  • остеобластни лезии (коскена продукција),
  • остеолизни лезии (коскено распаѓање, разградување).

Најнова форма на палијативен третман на коскените метастази и нивните компликации е примената на лекови наречени бисфосфонати.

alt

Бисфосфонатите се ефикасни во третирањето на еден тип од овие лезии, односно на остеолизните. Кај карциномот на простатата може да се јават и двата типа на коскени лезии, но почести се остеолизните, затоа третманот со бисфосфонатите е ефикасен.

Остеокластите имаат засилена активност кај пациентите со метастази во коските, според тоа ова е целна терапија, која делува директно на инхибицијата на остеокластната активност.

Бисфосфонатите делуваат на тој начин што ја намалуваат коскената ресорпција. Тие се врзуваат за активните зони од коскениот метаболизам, се ослободуваат за време на коскената ресорпција и ја инхибираат активноста на остеокластите, клетки кои ја разградуваат коската.

Според тоа тие доведуваат до:

  • намалена коскена ресорпција предизвикана од присутните метастази
  • намалување на коскената болка
  • спречуваат создавање на нови метастази во коските
  • намален ризик од појава на патолошки скршеници
  • намалување на нивото на калциумот во крвта при хиперкарциемијата (високо ниво на калциум).

Терапијата со бисфосфонати е долготрајна и се спроведува сè додека дава добар одговор и е ефикасна. Бисфосфонатите може да се дадат во вид на инфузии во вена или во вид на таблети или капсули преку уста.

Доколку се дадат како интравенска инфузија, тие се аплицираат на секои 3-4 недели, додека ако се даваат како таблети тие се земаат секојдневно, без прекин.

Најчесто користени бисфосфонати се:

  • clodronate (Bonefos® - Bayer Schering Pharma), терапијата може да започне прво со интравенска инфузија во дози од 300 mg. во тек на 3-5 дена или најмногу до 7 дена, а потоа терапијата да се продолжи со орална примена на бонефос капсули од 400 mg со вкупна дневна доза од 1600 до 2400 mg дневно.
  • pamidronate disodium (Aredia® - Novartis), која се дава во вид на три часовна инфузија во доза од 90 mg на секои 3-4 седмици,
  • ibandronate (Bondronat® - F. Hoffmann-La Roche) во доза од 6 mg како едночасовна интравенска инфузија на секои 3-4 седмици или во вид на обложени таблети од 50 mg еднаш дневно.
  • zoledronic acid (Zometa® - Novartis), како 15-минутна инфузија во вена во доза од 4 mg на секои 3-4 седмици.

Клиничките студии ги објавиле најчестите несакани ефекти од бисфосфонатите, а тоа се: замор, треска, мачнина, гадење, слабокрвност, коскена и мускулна болка. Но, овие симптоми може да бидат предизвикани и од самото присуство на карциномот или од другите лекови кои пациентот ги прима.

Обично бисфосфонатите добро се поднесуваат и немаат силно изразени несакани ефекти.

Контрола на хиперкалциемијата со бисфосфонати

Кај пациентите со метастази во коските, често може да дојде до покачено ниво на калциум во крвта т.е. до хиперкалциемија. Причина за хиперкалциемијата е зголеменото разградување во коските. Хиперкалциемијата делува на сите основни функции и органи во телото како на бубрезите, на срцето, на системот за варење, на нервниот систем и на психата.

Денес постои група на ефикасни лекови т.н. бисфосфонати кои го запираат разградувањето на коските. Нивното делување започнува неколку дена по нивното аплицирање и тие долго време го спречуваат излачувањето на калциумот од коските. При терапијата со бисфосфонатите, потребна е обилна хидрација на организмот, за да може вишокот на калциум полесно да се исфрли преку бубрезите.

При хиперкалциемијата најголем проблем е нејзиното рано дијагностицирање. Во почетокот, хиперкалциемијата дава некарактеристични симптоми. Затоа и при најмали епизоди на замор, запек или гадење, треба кај пациентите со метастази во коските да се провери нивото на калциумот во крвта. Задоцнетата дијагноза на хиперкалциемијата може да доведе не само до бубрежна инсуфициенција, туку и до развој на кома која може да има фатален крај.

Современите лекови, бисфосфонатите, овозможуваат ефикасна и долгогодишна контрола на калциумот во крвта.

Потребни се редовни контроли на калциумот и адекватно лекување со бисфосфонатите.