• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Боровинки - храна и лек за мозокот

Боровинката е многу вкусно и лековито овошје. Таа содржи малку калории, но е права ризница на здрави и лековити состојки. Пола шоља свежи боровинки содржи само 40 калории, а нуди цела низа на здрави состојки како што се: калиум, железо, витамин Ц, витамин А, растителни влакна, антоцианини, фенолицини...

Научниците тврдат дека боровинките го намалуваат оштетувањето на нервните клетки кај пациентите со Алцхајмерова болест, помагаат во спречување на кардиоваскуларните заболувања, помагаат во превенција и лекување на дијабетот, го чуваат видот, го прочистуваат организмот, го зајакнуваат имунитетот и се природни антиканцерогени.

Професорот по неурологија, Dr.James Joseph, изјавил за часописот „Newsweek“:

„Кога е во прашање заштитата на мозокот, не постои ништо што би можело да ги замени боровинките“. Dr.James Joseph ги нарекува „овошје за мозокот“ (blueberry a brain berry).

Според Dr.James Joseph, боровинките ја подобруваат функцијата на мозокот, ја зајакнуваат концетрацијата и памтењето, ја подобруваат равнотежата на телото и координацијата на движењата, дури и во случаите на Алцхајмерова болест.

 

Прочитајте и: