• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Боровинките го зајакнуваат срцето и ги чистат крвните садови

Боровинката е многу вкусно и лековито овошје. Таа содржи малку калории, но е права ризница на здрави и лековити состојки. Пола шоља свежи боровинки содржи само 40 калории, а нуди цела низа на здрави состојки како што се: калиум, железо, витамин Ц, витамин А, растителни влакна, антоцианини, фенолицини...

Научниците од Универзитетот во Мејн извршиле неколку истражувања.

Едното истражување било фокусирано на кардиоваскуларниот систем и ефектите кои боровинките ги имаат за подобрување на циркулацијата и намалувањето на воспалението на артериите.

Другото истражување било направено за да се види како боровинките влијаат луѓето да чувствуваат сити и помалку да конзумираат храна.

„До сега многу меѓународни студии ги потврдија лековитите својства на состојките од боровинките. Студиите покажаа дека плодовите на боровинката имаат способност да ги намалат оштетувањата предизвикани од мозочен или срцев удар“ изјавила Prof. Dr. Marva Sweeney-Nixon, истражувач и професор по биологија на „University of Prince Edward Island“ во Канада.

Американскит часопис „Здравје“ неодамна објавил дека боровинките се наоѓаат на врвот на листата на 50-те „Супер Здрави Намирници“, кога е во прашање количеството на антитоксини во нив.

Американскиот часопис „Здравје“ пишува:

„Боровинките со посебно богат извор на антиоксиданси (антитоксни) наречени антоцијанини. Овие моќни антиоксиданси се наоѓаат и во јаболкото, грозјето, малините, ренот и црвената зелка. Повеќе студии докажаа дека антоцијанините го спречуваат закречувањето на крвните садови (атеросклероза) и срцевиот удар.

 

Прочитајте и: