• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Боровинките го чуваат видот

Боровинките биле први прогласени за „суперхрана“. Супер храна се намирници за кои научниците тврдат дека ги спречуваат и лечат скоро сите заболувања, го прочистуваат организмот, го зајакнуваат природниот одбрамбен механизам, помагаат во одржувањето на нормалната телесна тежина, штитат од рак...

Неодамна објавената Јапонска студија потврдила дека екстрактот од боровинките превентивно делува на намалувањето на видот и дека е тој е најдобар природен начин за да се одморат очите. Посебно екстрактот од боровинки им се препорачува на луѓето кои многу читаат и ги напрегаат очите и на луѓето кои се под хроничен стрес.

Боровинките се еден од најбогатите извори на антиоксиданси. Содржат витамини А и Ц, глукогинин и антоцијанид и други вредни елементи кои помагаат да се подобри циркулацијата на крвта во очите. На тој начин дејствуваат превентивно при појавата на миопатија, спречуваат „ноќно слепило“ и ги намалуваат проблемите со видот што доаѓаат со годините. Во група од речиси 50 видови овошје и зеленчук, боровинките според истражувањето, се покажале како еден од најбогатите извори на антиоксиданси.

Антоцијанините од капинките го чуваат и го подобруваат оштетениот вид и ја намалуваат макуларната дегенерација на окото на тој начин што ги зајакнуваат ситните крвни садови кои се наоѓаат позади окото.

 

Прочитајте и: