• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Боровинки - први прогласени за „суперхрана“

Што е тоа суперхрана?

Супер храна се намирници за кои научниците тврдат дека ги спречуваат и лечат скоро сите заболувања, го прочистуваат организмот, го зајакнуваат природниот одбрамбен механизам, помагаат во одржувањето на нормалната телесна тежина, штитат од рак...

Боровинките биле први прогласени за „суперхрана“, а потоа спанаќот, белиот чај, брусницата и брокулата. Во поново време научниците и лекарите, со помош на современата технологија, утврдиле дека многу секојдневни и релативно ефтини намирници можат да ги заменат скапите лекови и превентивно да делуваат против многу сериозни заболувања. Тие намирници ги нарекле уште и „суперхрана“.

Научниците тврдат дека боровинките го намалуваат оштетувањето на нервните клетки кај пациентите со Алцхајмерова болест, помагаат во спречување на кардиоваскуларните заболувања, помагаат во превенција и лекување на дијабетот, го чуваат видот, го прочистуваат организмот, го зајакнуваат имунитетот и се природни антиканцерогени.

Професорот по неурологија, Dr.James Joseph, изјавил за часописот „Newsweek“:

„Кога е во прашање заштитата на мозокот, не постои ништо што би можело да ги замени боровинките“. Dr.James Joseph ги нарекува „овошје за мозокот“ (blueberry a brain berry).

Ова овошје има антитоксични и антивоспалителни својства. Многу научни студии го потврдиле благотворното дејство на боровинките.

Боровинките се на прво место на диеталните менија на „Програм за Здравје“, водечки часопис посветен на здравата исхрана во САД. Поентата на овој програм е дневно да се консумираат 5 различни бои на овошје и зеленчук, а на прво место е темно-сината и темно-виолетовата боја.

Според програмот, темно-плавата и темно-виолетовата боја го намалуваат ризикот за некои видови на рак, ја подобруваат функцијата на мозокот, ја зајакнуваат концетрацијата и памтењето, го успоруваат стрењето, го чистат организмот од штетните слободни радикали, ја поттикнуваат работата на бубрезите, помагаат при воспаленија на мочниот меур и мочните патишта, како и при други воспалителни процеси во организмот. Лековитото својство на капинките, посебно им се препишува на антоцианините и фенолицините. Овие состојки редовно се испитуваат во многу клинички студии. Истражувањата потврдиле дека антоцијанините и фенолицините во капинките имаат јаки антитоксични, антивоспалителни својства. Тие се природен лек против старењето.

Еве некои лековити својства на боровинката:

  • Го подобрува видот,
  • Ги прочистува и зајакнува крвните садови,
  • Заштитува од многу болести, вклучувајќи ги и малигните заболувања,
  • Ги зајакнува менталните (го подобрува памтењето) и физичките способности,
  • Го намалува оштетувањето на нервните клетки кај пациентите со Алцхајмерова болест,
  • Помага во спречување и лекување на уринарните инфекции,
  • Помага во превенција и лекување на дијабетот,
  • Помага при контрола на телесната тежина.

Научниците од Американскиот институт за истражување на ракот велат: „Знаеме дека боровинките се едни од најдобрите извори на антитоксини и на супстанции кои можат да го успорат процесот на стареење и да го намалат оштетувањето на клетките предизвикано од малигните заболувања“.

Антиоксидансите од боровинката ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот, кои ја оштетуваат ДНК на клетките на сите органи и ткива во телото (ги оштетуваат репродуктивните клетки, рецепторските центри во мозокот и др.).

„До сега многу меѓународни студии ги потврдија лековитите својства на состојките од боровинките. Студиите покажаа дека плодовите на боровинката имаат способност да ги намалат оштетувањата предизвикани од мозочен или срцев удар“ изјавила Prof. Dr. Marva Sweeney-Nixon, истражувач и професор по биологија на „University of Prince Edward Island“ во Канада.

Неодамна објавената Јапонска студија потврдила дека екстрактот од боровинките превентивно делува на намалувањето на видот и дека е тој е најдобар природен начин за да се одморат очите. Посебно екстрактот од боровинки им се препорачува на луѓето кои долго работат или се под стрес.

Со децентии се познати лековитите својства на боровинката. Некои од нас паметат дека нашите мајки и баби ги береле и сушеле плодовите на боровинката и ги чувале за правење на чај за сите видови болести, за настинка, за воспаление на бубрезите, за воспаление на мочните канали, за зголемен крвен притисок и за многу други.

Пола шоља свежи боровинки содржи само 40 калории, а нуди цела низа на здрави состојки како што се: калиум, железо, витамин Ц, витамин А, растителни влакна, антоцианини, фенолицини...

Американскит часопис „Здравје“ неодамна објавил дека боровинките се наоѓаат на врвот на листата на 50-те „Супер Здрави Намирници“, кога е во прашање количеството на антитоксини во нив.

Часописот „Здравје“ објавил:

„Боровинките со посебно богат извор на антиоксиданси (антитоксни) наречени антоцијанини. Овие моќни антиоксиданси се наоѓаат и во јаболкото, грозјето, малините, ренот и црвената зелка. Неколку студии сугерираат дека антоцијанините го спречуваат закречувањето на крвните садови (атеросклероза) и срцевиот удар. Антоцијанините, исто така, го чуваат и го подобруваат оштетениот вид и ја намалуваат макуларната дегенерација на окото со тоа што ги зајакнуваат ситните крвни садови кои се наоѓаат позади окото“.

Покрај плодот на боровинките, лековито дејство има и чајот од листовите на боровинката. Тој го прочистува организмот и го зајакнува имунитетот. Посебно чајот од листовите на боровинката им се препорачува на дијабетичарите.

Чај од листови на боровинка – природен лек против шеќерна болест

Во еден литар врела вода ставите една шака суви или свеѓи листови од боровинка и оставете го да одстои 10 минути. Се пијат 3 до 4 шољички дневно. Уште поделотворен е мешаниот чај од листови на дива или питома боровинка, листови од дива јагода и од капина. Овој чај е еден од најдобрите природни лекови против шеќерната болест.

Од плодовите на боровинката се прави вкусно и здраво вино. Виното од боровинките е лесно за подготвување.

Вино од плодови на боровинка: Два грста исушени плодови од боровинка сварете ги во малку вода. По 15 минути додадете пола литар црно вино и варете го на тивок оган 5 минути. Се препорачува да пиете до 2 до 3 чаши дневно.
 

Прочитајте и: