• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Хељда (Fagopyrum esculentum) – здрава житарица

Хељдата е многу здрава житарица, која кај нас ретко се користи во секојдневната исхрана.

Еве 10 причини зошто е потребно да ја вклучиме хељдата во исхраната

  • Белковините од хељдата се поквалитетни од белковините на другите житарици и полесно се сварливи. Хељдата содржи и витамин Б1 и Б2, како и витамин П, кој е одличен за отпорноста на крвните садови. Чајот од лист и цвет на хељда се користи како превентива и лековито средство кај атеросклерозата, која е последица од зголемен крвен притисок.
  • Хељдата е една од најмедоносните билки. Дава 90 килограми мед по хектар. Пчелите често слетуваат на нејзините цветови. Медот од хељда е многу квалитетен и ценет. Каде има мед, таму е и витаминот Д.
  • Ниедна друга житарица не содржи толкави количини на минерали како што содржи хељдата Таа е вистинска ризница на калиум, фосфор, калциум, магнезиум, натриум, железо, никел, кобалт, јод, бакар.
  • Чајот од хељда помага во регулирањето на крвниот притисок, ги подобрува памтењето и концентрацијата, помага при ревматизам, глауком, дијабет.
  • Семето од хељда може да биде одлична замена за оризот.
  • Од семето на хељдата се прави исклучително хранливо црно брашно, кое може да се користи за правење на леб и други пецива.
  • Во 100 грама плодови на хељда има 335 калории, 72% јагленохидрати, 12% белковини, 2,4% растително масло, 25% расителни влакна (добри за намалување на телесната тежина).
  • Хељдата има извонредна нутриционистичка и фармаколошка вредност. Таа помага во превенција и лекување на слабокрвноста (анемија).
  • Плодот на хељдата е вкусен во сите комбинации.
  • Многу лекари докажале дека хељдата е идеална намирница за приготвување на природно здрави и диетални јадења.
 

Прочитајте и: