• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зајакнете ги мускулите на карлицата со Кегеловите вежби Печати

Според статистиките, секоја петта жена по 40-тата година од животот пати од инконтиненцијата т.е. слабост на мочниот меур. Инконтиненција е неспособност да се во целост контролира задржувањето на мочката при кашлање, кивање, трчање, дигање на тешки предмети, брза промена на положбата на телото (на пример: при брзо станување) или при други физички активности.

Најчеста причина за овој проблем е ослабеното карлично дно, кое се јавува поради вродена слабост на сврзното ткиво, поради бременост и раѓање, менопауза, прекумерна телесна тежина, или поради чести повторувани воспаленија на мочниот меур.

Бидејќи овој проблем најчесто се јавува како последица на слабост на мускулите на карличното дно, тој, воглавно, може успешно да се лекува со Кегеловите вежби.

Кегелови вежби - за јакнење на мускулатурата на карличното дно

Доктор Арнолд Кегел уште во 1948 година прв ја предложил примената на вежбите за зајакнување на мускулите на карличниот под, со цел да се подобри функцијата и тонусот. Тоа се вежби на волно стегање и олабавување на мускулот, кој има важна улога во одржувањето на уретралниот притисок (musculus levator ani).

Мускулите на карличниот под во своето тело може да ги лоцирате при следното мочање на следниот начин: ќе се обидете прво да го задржите, а потоа да го пуштите млазот и тоа не стегајќи го стомакот, ниту бутините и задникот. Ако тоа ви успее, значи сте ги лоцирале мускулите за кои се говори.

Основната Кегелова вежба е многу едноставна.

Стегнете ги карличните мускули, држете го стегањето десетина секунди, а потоа опуштете ги. Се препорачува вежбата да се повтори десет пати, три пати дневно (вкупно вежбање - 5 минути дневно).

Тоа се едноставни вежби, не бараат многу слободно време, се изведуваат без дополнително потребна опрема. Ефектите од овие вежби се забележуваат веќе по еден месец од редовното вежбање и кај повеќето мажи може значително да ја подобрат инконтиненцијата.