• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Рузмарин - природен тоник за мозокот Печати

Рузмаринот е добро позната медитеранска билка. Одсекогаш била ценета поради тоа што ја зголемува концентрацијата и ја подобрува мозочната активност. Во кинеската народна медицина, рузмаринот со илјадници години се користи како тоник за мозокот. Велат дека старогрчките студенти, пред испит, триеле гранчиња рузмарин меѓу дланките за да го подобрат памтењето. Поради ова негово дејство, рузмаринот станал симбол за верна љубов и затоа во многу земји со гранчиња рузмарин се китат младенците.

Етеричното масло од рузмарин и денес има широка примена. Тоа е навистина драгоцено масло и често се применува во аромотерапијата.

Благотворното дејство на рузмаринот

  • Етеричното масло има спазмолитичко својство (ги отстранува грчевите на мазната мускулатура и ги намалува болките). Затоа е корисен за лекување на болки во желудникот и цревата. Во народната медицина се употребува за подобрување на апетитот и против гасови.
  • Етеричното масло од рузмарин го поттикнува правилното лачење на жолчката и ја одржува нејзината густина. Затоа се користи како природен лек за хронично воспаление на жолчната кеса, за камења во жолчката и при заболувања на црниот дроб - хепатит, цироза и др.
  • Рузмаринот го поттикнува излачувањето на урината и помага при задржувањето на вишокот течности во организмот. Тој е извонреден природен диуретик и често им се препорачува на лицата кои имаат отоци. Бидејќи ја подобрува работата на бубрезитге, рузмаринот е природен „чистач“ на организмот и помага во исфрлањето на отровите од организмот.
  • Рузмаринот ја стимулира работата на срцето, ја подобрува циркулацијата, го нормализира нискиот крвен притисок и е одличен тоник за срцето.
  • Рузмаринот се користи при настинка, грип, кашлица, хроничен бронхит. Помага при главоболка, при нервна напнатост и ментален замор.
  • Рузмаринот ги ублажува ревматските и мускулните болки. Особено е корисен за лекување на воспаление на мускулите. Етеричното масло ја негува кожата и ја подобрува површинската циркулација на крвта. Лисјата на рузмаринот се додаваат во разни чаеви, а се користат и за купки кај ревматските заболувања.
  • Етеричното масло се додава во медицинските масти против ревматизам, ишијас, невралгии и настинка.
  • Рузмаринот е тоник за кожата, го забрзува растот на косата (одличен е за лекување на разни проблеми на косата (првут, масна коса, опаѓање на косата).
 

Најчитани текстови