• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Мајоран и оригано – согорувачи на мастите

Листовите од овие растенија содржат етерично масло тимол, горчливи состојки и танин кои ја поттикнуваат работата на жолчката и црниот дроб. Познавачите велат дека јадењата со мајоран го поттикнуваат апетитот, потпомагаат за полесно варење на храната, па затоа треба да се додаваат во намирници кои потешко се варат (грав, леќа, грашок, боранија, масно месо).

Мајоранот и ориганото се зачини кои ги согоруваат мастите и не дозволуваат тие да се складираат во организмот. На тој начин тие помагаат во одржувањето на нормалната телесна тежина и често се користат при држење на диета.

Исто така, овие зачини ја стимулираат и работата на бубрезите и исфрлањето на течностите од организмот. На тој начин тие го чистат организмот од отровите и го зајакнуваат имунитетот.

Докажано е дека ориганото има антибактериско и антивирусно дејство, а помага и при запек.

Ориганото и мајоранот помагаат и при настинка. Кога сте настинати, попарете свежо оригано или мајоран и вдишувајте ја пареата.

Овие вкусни и корисни зачини го зајакнуваат имунитетот,а го подобрува и варењето на храната и ја спречуваат подуеноста на стомакот и стварањето на гасови.

 

Прочитајте и: