• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Мирисот од босилокот ја ублажува главоболката Печати

Босилокот е билка со пријатен мирис и вкус. Се користи како додаток на салатите, но и во многу јадења. Тој се користи во исхраната, но од него се добива и ароматично масло.

Во зелените ливчиња на босилокот се кријат преку 100 биолошки корисни материи, кои се многу здрави за човечкиот организам. Босилокот е вистинска ризница на витамини, минерали, олгоелементи...

Малкумина знаат дека етеричното масло од босилокот ја ублажува главоболката. Веќе и самото вдишување на етеричното масло од босилок ја ублажува напантоста и главоболката, слично како што тоа го прави и прошетката на чист воздух. Покрај тоа, овој мирис ја подобрува и концентрацијата и издржливоста.

Рецепт:

Додадете 4 капки етерично масло во водата во ламбата за арома-терапија. Оставете ја да гори најмногу еден час, бидејќи во спротивно мирисот може повторно да предизвика главоболка.

 

Најчитани текстови