• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
„Power“ јога - Ashtanga Vinyasa Yoga Печати

„Power“ јогата ја подобрува концентрацијата, опушта, го намалува стресот, а освен тоа, го зајакнува и тонусот на мускулите, ги прави пофлексибилни и поподвижни.

Се работи, всушност, за Ashtanga Vinyasa Yoga, вид на телесна вежба, стара преку 2000 години.

Велат дека аshtanga vinyasa yoga е најатлетска од сите форми на јога, бидејќи со нејзино практикување се постигнува комплетен тренинг т.е и духовно и телесно опуштање. И овој облик на јога, посебно внимание му посветува на правилното дишење.

Како може аshtanga vinyasa јогата да ни помогне?

Според новото истражување спроведено на Универзитетот Јеил, луѓето кои најмалку 3 пати неделно вежбаат јога и техники на медитација имаат нормален крвен притисок, нормален пулс и значително помал ризик за развој на срцеви заболувања.

Овој вид на јога и медитација им се препорачува на сите луѓе, без оглед на возраста. Може да го практикуваат и лица заболени од остеопороза, но, секако, само под лекарски надзор.

За срцевите болни, овој вид на јога е апсолутно сигурен и безбеден.