• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Идеална храна за будење

Ако тешко се будите наутро, денот треба да го започнете со овошје, мед и житарици, советуваат нутриционистите.

Организмот во текот на ноќта троши енергија, па затоа не смеете да го прескокнувате појадокот, кој е и најважен оброк во денот. Наутро пијте многу течности, а тешките намирници, како масните сирења, месото, месните производи, путерот, оставете ги за подоцна, препорачува Dr. Joachim Westenheffer, нутриционист од Хамбург. Тој нагласува дека секој од нас треба да појадува според својот внатрешен будилник, бидејќи не постои идеален оброк за сите луѓе.

Овошје и житарици за поспаните

Спанковците, т.е лицата кои доцна стануваат и тешко се будат, треба да јадат лесно сварлива храна, малку масти и доста јагленохидрати. Идеален појадок за нив е овошје, мед и житарици, чај или кафе со млеко.

Предлог:

Еден грејпфрут или два портокали, еден помал ананас, 40 грама житарици, мусли, две лажици пченични никулци, лажица мед, 100 милилитри витамински сок. Исецкајте го овожјето, помешајте го со житариците и никулците, прелијте го со сокот, засладете го со медот и добро измешајте го. Ако ова не ви е доволно, изедете и еден кроасан со чај или кафе со млеко.

Риба за гурманите

Лицата кои имаат доволно време да појадуваат и при тоа да уживаат во овој најважен оброк во денот, треба да изедат сендвич, но не со шунка или салама, туку со риба.

Предлог:

Две земички од интегрално брашно, зачини, 4 лажици посна павлака, малку црн пипер, 1 лажичка лимонов сок, димен лосос, лист од зелена салата.

Измешајте ги павлаката, зачините и сокот од лимон. Со оваа смеса намачкајте ги двете земички, ставете измеѓу нив парче риба и лист од зелена салата. Со сендвичот испијте и сок од портокал или чаша овошен јогур.

Јогурт за нервозните

Лицата кои секогаш се под стрес, кои постојано брзаат за на работа, по правило немаат време за појадок. Овие лица обично лошо спијат, а наместо појадок, пијат само кафе. Ако веќе морате да испиете кафе, пијте кафе без кофеин.

За да ги нахраните нервите, неопходен ви се витамините од групата Б.

Посебно значаен за здрави нерви, за подобра концентрација и за намалување на стресот е витаминот Б6. Витаминот Б6 го „контролира“ многу важниот процес во организмот, а тоа е изградбата на аминокиселините, а со тоа ја контролира и изградбата на сите протеински структури (клетките и ткивата) на организмот. Значи сè е под негова контрола. Тоа значи дека под негова контрола се и хормоните, т.е. другите важни „диригенти“ во функционирањето на телото. Не треба да се заборави дека и крвта е течно ткиво, односно протеинска структура за која е, исто така, потребен витаминот Б6.

Без витамин Б6 нема протеини, без протеини нема хормони, а без хормони сите функции во организмот се доведени во прашање. Да ги спомнеме само серотонинот, допаминот и мелатонинот, кои заедно го регулираат биолошкиот часовник, спиењето, когнитивната функција, чувствата и однесувањето. Витаминот Б6 учествува во изградбата на неколку невротрансмитери (материи кои овозможуваат пренос на нервните импулси). Недостатокот на витаминот Б6 доведува до невролошки и психолошки пореметувања.

Предлог:

50 грама овесни снегулки, 200 милиграми пробиотичен јогурт, една до две банани, 3 лажици суво грозје, 2 лажици сусам, една мала лажичка квасец и малку цимет. Измешајте ги овие состојки и ќе добиете вкусен и здрав појадок, кој ќе ви ја намали напнатоста, ќе ви го подобри расположението и ќе ви даде доволна енергија за почеток на денот.

 

Прочитајте и: