• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Намирници за поздрава, поубава и помлада кожа

Ако сакате да имате здрава и убава кожа, припазете на исхраната. Одредени намирници како што се морковот, спанаќот или бадемот ја хранат кожата од внатре и ја прават мека, еластична, млада и здрава.

Здравата исхрана е добра за целиот организам, но и за вашата кожа. Ако сакате да имате убава и здрава кожа, обрнете внимание на намирниците кои ги јадете.

Нутриционистите посебно препорачуваат 7 намирници за прекрасна кожа.

1. Бадеми

Бадемите се побогати со калциум во споредба со другото јатчесто овошје. Се делат на слатки и горчливи бадеми, со тоа што горчливите бадеми се отровни.

Слатките бадеми се највкусни кога се млади и свежи. Тие содржат незаситени масни киселини, витамин Е, магнезиум, умерена количина на протеини, растителни влакна, витамин Б2, бакар, фосфор. Содржат и фитоматерии и фолна киселина.

Сите состојки на бадемот, а посебно витаминот Е поволно делуваат на кожата. Витаминот Е се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата. Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа.

Витаминот Е делува на следниов начин:

  • ја влажи кожата, го забрзува репарирањето на оштетувањата предизвикани од дејството на слободните радикали,
  • ја штити кожата од негативните надворешни влијанија,
  • го намалува црвенилото, настанато поради прекумерна изложеност на сонце,
  • го спречува настанувањето на темни флеки на кожата,
  • го намалува настанувањето на брчки и ја одржува кожата мазна и витална за подолг период.

Студиите на Америчкото дерматолошко друштво објавиле дека дози на витамин Е од 400 IU дневно, го намалуваат ризикот од оштетување на кожата поради изложеност на сонце, па истовремено се намалува и продукцијата на карциногени клетки.

2. Морков

Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, бидејќи содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет.

Морковот ги содржи следниве хранливи и лековити состојки: бета-каротин, растителни влакна, витамин Ц, витамин А, витамин Б, витамин Д, витамин ПП, витамин Х, железо, глутамин, калиум, калциум, калциум-пектат, каротеноиди, ксантофили, ликопен, натриум, пектин, јаглени хидрати, фосфор, цинк, етерични масла.

Морковот има антиоксидативното дејство, многу поволно делува на целиот организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.

Две состојки од морковот: витаминотот А и бета каротинот се посебно се значајни за здрава и убава кожа.

Витаминот А го спречува развојот на ракот на кожата. Тој и го враќа сјајот и природната убавина на кожата.

Витаминот А игра клучна улога во растот и развојот на кожата и овозможува репарирање на оштетувањата настанати од УВ зрачење. Долгото изложување на сонце може да предизвика уништување на витаминот А во кожата, поради што може да дојде до негов недостиг во кожата. Како последица на тоа, се јавуваат темни флеки, брчки, лупење на кожата и, во најлош случај, појавува на преканцерозни лезии.

Иако резултатите од истражувањата ја докажале важната улога на витаминот А во одржувањето на зравјето на кожата, како и во превенцијата на кожниот карцином, механизомот на делување, како и формата на витаминот која би дала надобри резултати, не се разјаснети. Затоа, витаминот А најдобро е да се внесува со храна, која го содржи овој витамин.

Бета каротинот од морковот е моќен антиоксиданс. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето.

Резултатите од голем број студии покажале дека бета каротинот заштитува од акутни и хронични кожни оштетувања, предизвикани од изложеност на сонце.

3. Црна чоколада

Црната чоколада содржи многу здрави состојки. Флавоноидите во црната чоколада ја намалуваат рапавоста на кожата и ја штитат од штетните сончеви зраци. Истражувањата покажале дека жените кои консумираат црна чоколада имаат поздрава кожа и поотпорна на сончевите зраци. Сепак, не треба да се претерува со консумирањето на црната чоколада. Доволни се само неколку коцки дневно.

4. Семки од сончоглед

Семките од сончоглед се многу здрави за целиот организам. Тие содржат многу хранливи и корисни состојки. Сончогледови семки се богати со омега-3 масни кислеини кои помагаат да се зачува влажноста на кожата и го спречуваат нејзиното сушење, ја зголемуваат нејзината елстичност и цврстина. Омега – 3 масните киселини ја подобруваат текстурата на кожата и го спречуваат појавувањето на пигментациите на кожата и ги ублажуваат брчките. Едно истражување покажало дека кожата на луѓето, кои во текот на 6 недели јаделе само 2 грама, семки од сончоглед дневно значително се подобрила исчезнале лузните од акните и другите коѓни проблеми (флеки и други разни кожни иритации). Кожата им станала поеластична, помека, посјајна и помлада.

Покрај големата количина на омега-3 масни киселини, во семките на сончогледот има и големо количество на витамин Е и селен, кои исто така се важни за здрава и убава кожа.

Нутриционистите препорачуваат сончогледовите семки да се конзумираат сурови. Најчесто дневната количина која е неопходна е околу 150 грама сурови семки од сончоглед.

5. Зелен чај

Корисните својства на зелениот чај се одамна познати. Многу истражувања го потврдиле благотворното дејство на зелениот чај.

Неодамна е откриено дека полифенолите од некои растенија се јаки антиоксиданси. Утврдено е дека зелениот чај како напиток има најголема количина на полифенол. Една шолја зелен чај содржи 300-400 мг.,секако, под услов да е чајот доволно густо припремен, или стручно кажано, ако содржи сува материја од 8-12%.

Откриено е дека народите кои пијат многу зелен чај имаат помала стапка на смртност од некои врсти на рак и како и од други заболувања. Тој е вистински „чистач“ на организмот.

Конзумацијата на зелен чај од две до шест шољи дневно помага во превенција од рак на кожата.

6. Спанаќ

Научниците откриле 15 различни флавонски соединенија во спанаќот, кои се јаки антиоксиданси. Мнoгу од нив се корисни за превенција на ракот. Тоа бил доволен мотив за да се изолираат во чиста форма одделни соединенија од спанаќот и да се со нив продолжат испитувањата. Различни студии покажале дека тие состојки го успоруваат растот на малигните клетки на кожата, но и на малигните клетки на желудникот и на дојката.

Спанаќот е одличен извор на витамин А (во форма на бета-каротин), а и добар извор на витамин Ц. Овие два витамини се заслужни за најголемиот број на „лековити“ својства на спанаќот. Витамините А и Ц првенствено делуваат како антиоксиданси, што значи дека ги неутрализираат деградационите процеси кои настануваат под дејството на слободните радикали.

Спанаќот е уште една намирница од која што вашата кожа ќе ви биде благодарна. Луѓето кои редовно конзумираат спанаќ двојно им е намален ризикот од заболување на рак на кожата. Овој зеленчук ја обновува оштетената ДНК и на тој начин може да го спаси организмот од рак. Во текот на неодамнешното истражување утврдено е дека луѓето кои што редовно конзумираат спанаќ имаат помалку лузни на лицето, и тоа за 11%.

7. Компир

Компирот е богат со витамин Ц, кој е многу важен витамин за кожата. Витаминот Ц е е клучен за производство на колаген, кој е потребен за здрава и убава кожа Витаминот Ц ги намалува лузните и брчките на кожата, помага во одстранувањето на темните дамки на кожата и го враќа природниот сјај на кожата.

 

Прочитајте и: