• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Тиквичките - природни „чистачи“ на организмот

Многу истражувања потврдуваат дека тиквичките ги смируваат нервите, го намалуваат стресот и анксиозноста, го јакнат имунолошкиот систем, ја подобруваат работата на мозокот, го јакнат срцето и крвните садови, го подобруваат варењето на храната, помагаат во исфрлањето на водата и отровите од организмот и помагаат во одржувањето на нормалната телесна тежина.

Не се знае точно од каде навистина потекнуваат тиквичките. Некои врсти се по потекло од Индија, додека некои се по потекло од Америка. Ги има во разни големини, форми и бои. Тиквичките кои виреат во нашето поднебје се со долгнавест и цилиндричен облик, со темно и светло зелена боја и со тенка кора. Плодот е мек и бледозеленкаст.

Тиквичките се неверојатно благотворни за нашиот организам.

Многу истражувања потврдиле дека тиквичките го активираат метаболизмот на клетките, ја подобруваат работата на цревата, го зајакнуваат црниот дроб и му помагаат при детоксикацијата на организмот.

Со консумирање на тиквички се подобрува работата на мозокот и се зголемува концентрацијата. Тиквичките го јакнат и срцето.

Освен што содржат висок процент на вода и растителни влакна, тиквичките помагаат и во исфрлањето на водата и штетнитге материи од организмот. Тиквичките се природни „чистачи“ на нашето тело. Во 100 грама тиквички има само 16 калории, но се вистинска ризница на витамини и минерали. Тие се одличен извор на витамин Ц, а во помали количини содржат и витамини од групата Б (витамин Б2), витамин А, витамин К и фолна киселина. Од минерали, тиквичките содржат: манган, магнезиум, калиум, фосфор, бакар, железо, цинк. Тиквичките се богати и со растителни влакна.

Многу од наведените нутритиенти имаат докажано заштитно делување на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Магнезиумот игра важна улога во превенција на срцевиот и мозочниот удар, а заедно со калиумот делува во регулација на крвниот притисок. Магнезиумот е и антистрес минерал.

Антиоксидансите, витаминот Ц и бета-каротенот ја спречуваат оксидацијата на холестеролот со што го намалуваат и ризикот за развој на атеросклероза. Фолната киселина делува во регулација на нивото на хомоцистеинот во организмот. Се смета дека зголемените концентации на хомоцистеин се фактор на ризик за срцеви заблувања.

 

Прочитајте и: