• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Грав – побогат со протеини и од месото.

Гравот е донесен од Америка. Кај нас се одгледува во големи количини. Тој е најзастепен зеленчук на нашите трпези во зимските месеци. Спаѓа во редот на махунарки или легуминози, каде спаѓаат и грашокот, боранијата, леќата и сојата.

Махунарките се евтин зеленчук кој, како што тврдат научниците, помага во борбата против разни видови на рак.

Махунарките се богати со антиоксиданси, кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот, кои можат да предизвикаат рак. Најновото истражување докажало дека овој вид на зеленчук го намалува ризикот од појава на рак на дојка и го намалува растот и ширењето на туморот. Докажано е дека гравот делува лековито и при рак на дебело црево и рак на простата.

Гравот има скоро идеален нутритивен состав. Тој е побогат со протеини и од месото. Најдобро е гравот да се консумира со житарици, бидејќи таквиот оброк содржи полна доза на есенцијални аминокиселини кои му се потребни на човекот, советуваат научниците.

Гравот е извонреден извор на висококвалитени белковини, кои ги содржат сите потребни аминокиселини и претставува потполна замена за месо. Бидејќи не содржи метионин и цистин, гравот треба да се комбинира со житарици, како и со свеж зеленчук. На тој начин во организмот се внесуваат сите потребни есенцијални аминокиселини.

Гравот не треба да се јаде со месо, риба и јајца, бидејќи со нивна комбинација се зголемува киселоста на крвта и мочката.

Гравот е со висока енергетска вредност (во 100 грама грав има 143 kcal). Енергетската вредност на гравот потекнува од високата количина на јагленохидрати и белковини. Високата содржина на јагленохидрати, пред се скроб, дава долготрајно чувство на ситост, а со оглед на тоа што има помал гликемиски индекс од другите скробни намирници, гравот е дозволен во исхраната на дијабетичарите (во мали количини!).

Гравот го намалува нивото на холестеролот во крвта, ги врзува токсините во цревата и помага за нивно исфрлање. На тој начин, гравот го чисти организмот од токсини.

Поради високата содржина на фолни киселини, гравот им се препорачува на трудниците за нормално развивање на плодот.

Поради содржината на фитинските киселини, се ограничува консумирањето на гравот во терапии на анемија и остеопороза, бидејќи фитинската киселина ја отежнува апсорпцијата на железото и калциумот од цревата.

Гравот е тешко сварлива намирница. Лушпата на гравот е богата со сирови влакна и други материи кои несварени пристигаат во дебелото црево и така настануваат процеси на трулење, што доведува до чувство на надуеност и појава на гасови. Затоа лицата кои страдаат од желудечни, цревни и срцеви заболувања би требало да јадат грав во помали количини, поради неговата тешка сварливост, како и поради неговата тенденција дад го зголемува нивото на киселини во желудникот. Поради високата количина на протеини, гравот треба да го јадат во умерени количини и лицата со бубрежни заболувања.

 

Прочитајте и: