• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Црвениот и шарениот грав во борба против ракот

Додека научниците и лекарите со години се борат да пронајдат лек против срцев удар, дијабет и рак, нутриционистите вршат истражувања на одредени прехрамбени производи, кои на природен начин можат да му помогнат на организмот во борбата против хроничните и малигните заболувања.

Махунарките или легуминозите (грав, грашок, боранија, леќа, соја) се евтин зеленчук кој, како што тврдат научниците, помага во борбата против разни видови на рак.

Махунарките се богати со антиоксиданси, кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот, кои можат да предизвикаат рак.

Најновото истражување докажало дека овој вид на зеленчук го намалува ризикот од појава на рак на дојка и го намалува растот и ширењето на туморот.

Докажано е дека гравот делува лековито и при рак на дебело црево и рак на простата.

Научниците од државниот Универзитет во американската сојузна држава Колорадо, тестирале 6 вообичаени врсти на грав кои можат да се најдат на американскиот пазар и ја измериле количината на антиоксиданси во секој од нив.

Тестирањето покажало дека црвениот, шарениот и темносиниот грав имале и до 10 пати поголема количина на антиоксиданси и други лековити материи отколку белиот и жолтиот грав.

 

Прочитајте и: