• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Претерано консумирање на алкохол – ризик за агресивен рак на простата Печати

Најновото истражување, кое било спроведено во САД, покажа дека претераното консумирање на алкохол е поврзано со зголемен ризик за појава на многу агресивен рак на простата.

Во оваа клиничка студија, во која учествувале повеќе од 10 000 испитаници, било утврдено дека внесувањето на повеќе од 50 грама алкохол дневно (еквивалентно на 4 дози од некој жесток алкохолен пијалок) е поврзано со двојно поголем ризик за развој на агресивен рак на простата. Резултатите од оваа најнова клиничка студија биле објавени во научниот часопис „Cancer“.

Истражувачите од „Fred Hutchinson Cancer Research Center“ додаваат дека шансите за 10 годишно преживување од овој тип на рак на простата, по поставувањето на дијагнозата, изнесуваат само 60 до 70%.

Веќе е познато дека претераната консумација на алкохол го зголемува ризикот за разни видови на карциноми.

Се проценува дека 2-4 % од сите случаи на рак се предизвикани од алкохолот, било директно или индиректно. Така, постои јака поврзаност помеѓу интензивната консумација на алкохолот и ракот на хранопроводникот, на голтникот, на усната шуплина, на јазикот, на гркланот, на црниот дроб, на дојката, на дебелото црево и на ректумот.