• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Матичњак (пчелинок, лимонова трева) – природен тоник за организмот Печати

Матичњак е билка од фамилијата: Lamiaceae (Labiatae). По потекло е од Јужна Европа и Средна Азија. Се одгледува на сончево и топло место, заштитено од ветер.

Матичњак е трајна билка со силно разгрането стебло, кое достига висина до 60 cm. Листовите се со долга петелка, со јајцевиден облик, назабени, прекриени со ситни влакненца и со интензивна зелена боја. Цветовите на матичњакот се бели, бело-жолти, бледо-розеви, сино-бели и сместени во пазувите на листовите.

Матичњакот е билка која расте во градините, каде се одгледува како култура, но може да се најде и како самоникната, недалеку од населените места, покрај огради.

Матичњакот е една од ретките билки која е истовремено и лековита и мирисна, украсна, зачинска, ароматична, медоносна и индустриска. Се одгледува во култура како лековита и ароматична билка, а во парковите како украсна билка. Цвета од јуни до септември, а се разможува со семе, но подобар успех се постигнува со расадување. Матичњакот е многу лесен за одгледување.

Целата билка, а посебно кога ќе се изгмечи, дава јак, многу пријатен мирис, кој потсетува на лимон, па затоа е позната и како „лимон-трева“ („lemon balm“). Вкусот е ароматичен.

Лековит дел на билката

За лек се собираат листовите на матичњакот и тоа пред да процветаат. Најважна лековита состојка на матичњакот е многу лесно испарливото мирисно етерично масло.

Матичњакот делува како тоник на мозокот, на срцето, на дигестивните и респираторните органи.

Матичњакот го оживува и јакне срцето

Матичњакот е извонреден природен лек за сите срцеви заболувања. Тој го оживува и јакне срцето. Затоа, чајот од матичњак им се препорачува на лицата со кардиоваскуларни заболувања.

Матичњакот ја чисти крвта и го зајакнува имунитетот

Матичњакот ја чисти крвта. Чајот од матичњак е одлично средство за детоксикација на организмот, бидејќи го потпомага исфрлањето на отровите од телото.Тој е природен лек кој го зајакнува природниот одбрамбен механизам на телото.

Матичњак – природен лек за разни психички пореметувања

Матичњакот е природен лек, кој се препорачува за лекување на хистерија и хипохондрија.

Често се користи за закрепнување после стресни ситуации, при депресија, а помага и при нередовни менструации, кои се јавуваат како последица на стрес.

Чајот, исто така, помага при главоболка, која е предизвикана од нервоза, како и при невротско повраќање.

Чајот од матичњак помага и при несоница предизвикана од замор или од психичка напнатост. Од матичњакот се прави и мелиса – тоник, кој служи за масажа, која помага во отстранување на телесниот и душевниот замор.

Од матичњакот се прави етерично масло, кое има многу пријатен мирис и се користи не само во фармацијата, туку уште повеќе и во индустријата на парфеми и во козметиката. Купка од етерично масло од матичњак помага за намалување на болката при невралгии и ревматизам и за релаксација на организмот.

Со еден збор, матичњакот позитивно влијае и на телото и на психата. Со својата пријатна арома предизвикува убави мисли, кои го потиснуваат чувството на депресија и анксиозност.

Матичњакот е тоник за желудникот и цревата

Чајот од матичњак го подобрува апетитот, посебно кај децата. Помага и при заболувања и проблеми на дигестивниот систем. Така, матичњакот помага при подуеност, грчеви во цревата, мачнина, гадење, повраќање на нервна база, пролив. Посебно им се препорачува на трудниците кои патат од повраќање.

Чајот од матичњак го подобрува варењето на храната и е вистински тоник за органите на системот за варење. Делува смирувачки на слузницата на желудникот и цревата.

Матичњакот е тоник за дишните патишта

Матичњакот е благ и многу пријатен лек и против воспаленијата на дишните патишта. Тој ја разводнува слузта во дишните патишта и го олеснува нејзиното исфрлање. Исто така, тој делува смирувачки на слузницата на дишните патишта и помага при кашлица. Затоа, матичњакот се користи како природен лек за лекување на акутен и хроничен бронхит, некои видови на астма, кашлица.

Матичњак – како лековит зачин

Матичњакот има многу пријатен мирис и вкус, па затоа често се користи како додаток на многу јадења за подобрување на нивниот вкус, но и за подобро варење на храната. Бидејќи ја намалува подуеноста и грчевите во цревата, често се додава во разни сосови.

Матичњакот, како зачин, може да се користи свеж или сушен. Бидејќи по својот вкус и мирис потсетува на лимон, тој може да се става во сите јадења наместо лимон. Тој е одличен додаток на супите, маринатите, сосовите. Често се додава на јадењата од зеленчук, на јадењата од печурки, како и на некои видови на риба.

 

Најчитани текстови