• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Капина - богата ризница на антиоксиданси

Капина (Rubus fruticosus L. - Rosaceae)

Сите видови на овошје кои имаат темна боја - сливи, капини, грозје, ги разградуваат мастите и го јакнат имунитетот.

Капините се многу вкусни и корисни. Тие се богати со здрави состојки и антиоксиданси, кои го штитат организмот од штетното дејсство на слободните радикали, кои може да предизвикаат најразлични заболувања, па дури и рак. Според тоа, капинките се природни антиканцерогени лекови.

Исто така, разградувајќи ги мастите, капинките помагаат во превенцијата на атеросклерозата и кардиоваскуларните заболувања.

Капинките содржат околу 20% суви материи, од кои 6% шеќер, 0,9% белковини, 1% масти, 9% целулоза. Во 100гр. капини има 37 калории.

Содржат витамин Ц околу 24мл/100г., потоа витамини Б1, Б2... Од минералите највеќе содржат калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо.

Капините содржат многу поголемо количество на железо, отколку другите видови на овошје, па затоа се корисни во превенција и лекување на слабокрвноста.

Плодовите од капина го подобруваат варењето во желудникот и го јакнат слабиот желудник.

 

Прочитајте и: