• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Грозје - природен лек за чистење на крвта

Грозјето е многу вкусно и здраво овошје. Тоа не само што освежува, туку се користи и како природен лек за чистење на крвта, за регулирање на варењето на храната, за отстранување на масните наслаги од телото, за лекување на воспалителни процеси на органите за варење, како и за ублажување на реуматските потешкотии и кожните алергии.

Свежиот сок од грозје е богат со витамини А, Б и Ц и со разни минерали. Грозјето делува како природен тоник на организмот, а освен тоа е и извонредно хранливо овошје. Содржи околу 20% шеќер, па е енергетска намирница. Грозјето е важен извор и на биофлавониди, кои го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести. Поради тоа, грозјето има и антиканцерогено дејство.

Поради разните антиоксидаси кои ги содржи грозјето, тоа е овошје со јако дејство против бактериите, вирусите, воспаленијата и алергиите.

Црното грозје (и сите други овошја со слична боја) помагаат за заштита од срцеви болести, рак и стареење на мозокот. Истражувачите од Универзитетот на Мичиген докажале дека грозјето може да помогне во контрола на крвниот притисок. Тоа се препорачува против лоша циркулација, а помага и при забавувањето на старењето, односно ја спречува деменцијата и дегенеративните хронични болести.

Белото грозје има многу слична енергетска вредност како и црното, но нешто помалку содржи калиум и калциум, но сиромашно е со феноли во споредба со црното грозје.

Црно грозје

Црното грозје мора да биде што потемно, скоро црно. Лушпата на црното грозје изобилува со феноли, кои го дават вкусот и бојата на црното грозје, а нам ни даваат здравје.

Полифенолите (ресвератроли, антоцијани, катехини и кверцетини) се антиоксиданси кои ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот, кои може да предизвикаат развој на тумор.

Тие ги чуваат крвните садови од атероскледроза, и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви и васкуларни заболувања.

Црното грозје би требало да се јаде поради хранливите состојки, најмногу калиум, витамин Ц, Б1 и Б6 и манган. Тоа изобилува и со флавоноиди, од кои најважни се кверцитин и резвератрол. Тие го намалуваат згрутчувањето на крвта и го намалуваат нивото на „лошиот“ холерстерол. На тој начин го смалуваат и ризикот за кардиоваскуларни болести.

Неодамнешното истражување покажало дека консумирањето на црното грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, кој е неопходен за добар сон.

Од одредени врсти на грозје се прави суво грозје, кое обилува со растителни влакна, калциум и железо, а кои можат до го заменат шеќерот во колачите.

Лушпата на црното грозје содржи големи количини на резерватол, кој позитивно влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од мозочен удар. Исто така, резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул.

Некои истражувања покажале дека резерватолот има важна улога и во спречувањето на малигните ззаболувања и дека дури може да го забрза уништувањето на веќе постоечките клетки на ракот. Поради тоа, грозјето се користи и како природен лек за превенција и за борба против ракот.

Суво грозје

Иако за намирниците кои се благи и лепливи, како што е и сувото грозје, се сметало дека предизвикуваат расипување на забите, новите истражувања го потврдиле спротивното. Докажано е дека сувото грозје го спречува растот на бактериите одговорни за настанувањерто на кариесот и болестите на непцата, пред се затоа што обилува со фруктоза и гликоза, а не со сахароза, која е главен виновник за заболувањата на усната шуплина.

Сувото грозје се препорачува како ужина меѓу главните оброци. Зошто?

Фруктозата и гликозата од сувото грозје ќе ви помогне полесно да го издржите физичкиот и металниот напор. Една шака суво грозје ќе ве засити и нема да чувствувате глад.

Вински оцет

Винсиот оцет лади и стега, го смирува проливот и крварењето. Од вински оцет се приготвуваат облоги за разни заболувања. Повременото миење на целото тело со смеса од оцет и вода ја чисти кожата и ги отвара порите, ја подобрува циркулацијаата, а со тоа организмот станува поотпорен на разни болести и штетни влијанија од надворешната средина.

 

Прочитајте и: