• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Болка
Неопиоиди аналгетици - Лист 3 Печати
Индекс на артикл
Неопиоиди аналгетици
Механизмот на делувањето на НСАЛ
Несакани ефекти од НСАИЛ
Сите страници

Несакани ефекти од НСАИЛ

Оваа група на лекови може да даде повеќе несакани ефекти кои може да бидат и многу опасни и да доведат до загрозување на животот на пациентот. Посебно тие се почести и појако изразени при нивна долготрајна употреба или кога се употребуваат во поголеми дози од препишаните.

Најчести несакани ефекти од нестероидните аналгетици се:

  • диспепсија
  • езофагит
  • езофагеални стриктури (стеснувања)
  • гастрит
  • гастрични и дуоденални петехии, ерозии, улцерации, крварење и перфрација
  • улцерации, крварење и перфорација на тенкото и дебелото црево
  • активирање на хроничните инфламаторни болести на дебелото црево
  • локални промени

Механизмите на штетното делување на НСАИЛ врз желудникот и дуоденумот (дванаестопрстно црево)

  • ослабување на слузната бариера,
  • намалена секреција на бикарбонати,
  • намалена секреција на слуз,
  • дезинхибиција на секрецијата на HCl,
  • поспоро обновување на клетките на слузницата на желудникот,
  • оштетување на циркулацијата,
  • намален проток на крв во желудечната слузница,
  • намалена агрегација на тромбоцитите.