• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Праската се бори против слободните радикали

Праската е многу вкусно и здраво овошје. Постојат многу видови на праски. Тие може да бидат црвени, розoви, жолти, бледо зелени или комбинација од сите овие бои. Може да бидат мазни и сјајни, но и со рапава површина. Плодовите на праската се многу вкусни и сочни и се одлично освежување во жешките летни месеци.

Праските потекнуваат од Кина. Таму за прв пат почнале да се одгледуваат, пред околу 4000 години. Подоцна биле раширени низ цела Европа. Денес, праската се одгледува во најмалку 64 земји во светот.

Праските се добар извор на растителни влакна, витамин А, ниацин Праските се богати и со витамин Ц. Содржат и бета каротин, кој го зајакнува имунитетот и ги уништува слободните радикали во организмот. Бета каротинот е провитамин којшто во организмот се претвора во витамин А.

Од минерали, праските содржат: калиум, фосфор, магнезиум Праската е и едно од ретките овошја кое содржи селен. Содржи многу вода, па е одлично овошје за освежување и намалување на чувството на жед. Ова овошје е нискокалорично и содржи само 40 калории на 100 грама плодови.

Праската има и лековити својства. Таа е богата со антиоксиданси, кои се борат против штетното дејство на слободните радикали. Поради своето антиоксидативно дејтво, праската се смета како природен лек за превенција на многу заболувања, вклучувајќи ги тука и малигните заболувања. Таа го јакне природниот одбрамбен механизам на организмот и на тој начин го чува здравјето на човекот.

Праската е природен диуретик, го чисти, детоксицира организмот и го олеснува варењето на храната. Односот помеѓу калиумот и натриумот е 7:1, па затоа делуваат благотворно на срцето и крвните садови и го намалуваат крвниот притисок и ги исфраат течностите во организмот.

Чај од праска за подобро варење на храната

15 грама свежи цветови од праски се преливаат со пола литар зовриена вода. Се остава чајот да постои 5-10 минути и потоа се процедува. Се пие по една шоља, три пати дневно.

 

Прочитајте и: