• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Благиот компир со виолетова кора ефикасен против ракот?

Една врста на благ компир со виолетова боја би можела да има антиканцерогени својства, покажале резултатите од истражувањето на група научници од Универзитетот во Канзас (САД).

Научничката Soyoung Lim, која го водела истражувањето, смета дека оваа врста на благ компир, во својата виолетова кора, содржи голема количина на антоцијан - антиоксиданс, кој ја дава виолетовата боја на компирот, а кој може да биде ефикасен против ракот.

Во истражувањето научниците анализирале 3 врсти на благ компир, со различна количина на антоцијан. Тие утврдиле дека компирот од Канзас е побогат со оваа антиканцерогена состојка во споредба со другите врсти на благ компир.

Истражувачите откриле и 2 деривати на антацијанот: цијанидин и пеонидин, кои потоа ги користеле на клетките на ракот на дебелото црево. Во текот на истражувањето било утврдено дека овие две супстанции го спречуваат развојот на раковите клетки.

Научниците ја испитувале вкупната количина на феноли, хемиски соединенија со антиканцерски својства, во благиот компир.

Благиот компир од Канзас имал најголема количина на феноли, во споредба со другите благи компири со виолетова боја.

Ова откритие било презентирано на состанокот за експериментална биологија (Experimental Biology Meeting - ANI)

 

Прочитајте и: