• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Маслиново масло - „медитеранско злато”

Маслинката е библијска билка, позната од многу одамна. Таа се споменува во Библијата како симбол на мир и добронамерност, но и како симбол на животот и надежта. За старите народи, маслинката била симбол на мудроста. Ова зелено овошје успева само во јужните, топли краеви, бидејќи веќе на 10 степени Целзиусови угинува.

Првите маслинки се насадени речиси пред повеќе од 6000 години, и од тогаш се високоценети во исхраната, медицината и козметиката.

Најценет е плодот на маслинката, кој се јаде сиров или конзервиран. Но, маслинката својата популарност ја стекнала и поради маслото, кое се наоѓа во нејзиниот плод. Плодовите на маслинката содржат дури 35% масло, кое не е само зачин, туку и природен лек. Поради неговите благотворни својства, маслиновото масло се нарекува и „медитеранско злато”.

Во билните аптеки може да се најде и лист од маслина, кој им се препорачува (во облик на чај) на лицата со зголемено ниво на шеќер во крвта (дијабет).

Квалитетното маслиново масло има благо-горчлив вкус, зеленкаста боја и има мирис на овошје. Тешката миризба на маслиновото масло е знак за неквалитетно и застарено масло.

Се разликуваат 3 врсти на маслиново масло:

Девствено маслиново масло (olio vergine) – најздраво и најквалитетно маслиново масло, кое се добива со првото ладно цедење на здравите маслинки, при што семката на маслинката не смее да се здроби. При постапката на цедење не смее да дојде до употреба на топлина, па е дозволено само т.н. „ладно цедење“. Девственото маслиново масло има под 1% слободни масни киселини.

Нутриционистите, екстра-девственото маслиново масло, го сметаат за многу здрава храна, богата со хлорофил, каротин, лецитин (природен антиоксиданс го стимулира метаболизмот на мастите, шеќерите и белковините), полифеноли (антиоксиданси) и есенцијални витамини D, Е и K.

„Provence“ масло (наречено по југоисточното подрачје на Франција, каде и се одгледува) – Тоа е масло од втор квалитет, чие цедење оди се до згмечување на семките на плодот, но и при оваа постапка на цедење не се употребува топлина.

Дрвено маслиново масло е масло со најслаб квалитет, а се добива со повторно цедење на остатокот по произведувањето на „provence“ маслото и под дејство на топлина. Тaка добиеното масло се користи исклучиво за производство на сапуни и за технички масла.

Мирисот и вкусот на девственото и „provence“ маслото се многу пријатни, што неможе да се каже и за т.н. „дрвено масло“.

Девственото маслиново масло е многу здраво бидејќи содржи во себе многу корисни нутритиенти, кои се јаки антиоксиданси. Поради тоа, на маслиновото масло му се препишуваат и антиканцерогени својства.

Постојат студии кои покажале дека маслиновото масло им помага на пациентките со рак на дојка. Антиоксидансите полифеноли, кои се наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на генот HER2, кој влијае на развојот на ракот на дојката, покажале резултатите од истражувањата на шпанските научници.

Dr. Javier Menendez од Каталонскиот онколошки институт и Dr. Antonio Segura Carretero од Универзитетот во Гранада, испитувајќи кои состојки се најефикасни против ракот на дојката, утврдиле дека квалитетното нерафинирано маслиново масло содржи голем број на „фитохемиски“ состојки кои можат да предизвикаат изумирање на малигните клетки.

Олеинската киселина, како главна состојка на маслиновото масло, го блокира делувањето на онкогените HER-2/neu кои предизвикуваат развој на ракот и кои се откриени кај 30% од пациентките со рак на дојка. Станува збор за агресивни форми на рак со мали шанси за преживување. Научниците веруваат дека со тоа најпосле откриле зошто е медитеранската исхрана така здрава.

Научниците најпосле со сигурност утврдиле зошто медитеранската храна, која е богата со овошје, зеленчук и маслиново масло, може да им помогне на жените во спречување на настанувањето и во лекувањето на ракот на дојката.

Девственото маслиново масло се употребува и во лекување на камења во жолчната кеса и жолчните патишта. Тоа е многу добро природно лековито средство, кое го поттикнува излачувањето на жолчката. Постојат кури со маслиново масло за полесно исфрлање на жолчните камења.

Масиновото масло се користи и како природно средство за клистирање.

Маслиновото масло може да се користи и за лекување на кожни чиреви, а се употребува во вид на загреани облоги.

Маслиновото масло помага и при воспаление на цревата или желудникот. Во тие случаи се зема една до две кафени лажички девствено маслиново масло.

Маслиновото масло е благо средство за чистење, кое не ја надразнува кожата. Поради тоа може да се користи и за лекување на хемороиди кои крварат.

Девственото маслиново масло е високовредна и корисна намирница и за здравите луѓе. Една мала лажичка, 3 до 4 пати дневно, на празен желудник, е одличен лек за слабо подвижните, крути зглобови, за лошото варење, за запек, за болести на црниот дроб и на желудникот, но и за многу други заболувања.

Сите медитерански кујни не можат да се замислат без употреба на маслиново масло.

Салатата со маслиново масло и со лук е природен лек богат со лековити состојки, витамини, минерали и најкорисни масти.

Маслиновото масло најдобро е да се купува од произведувач кој има сертификат.

Чај за дијабетичари

Земете 20 - 30 грама суви листови од маслинка (собрани во пролет, на врвовите на гранките) и прелијте ги со пола литар ладна вода. Оставите ги да одстојат 8 часа. Потоа варете ја водата со листовите од маслинка, се додека водата не зоврие. Постоа поклопете го чајот и оставете го да одстои уште 20 минути.

Чајот се пие незасладен, по 2,5 децилитри, измеѓу доручекот и ручекот и измеѓу ручекот и вечерата. Но, дијабетичарите треба да го пијат чајот од маслиновите лисја после консултација со лекар – дијабетолог.

Чај против висок крвен притисок

Дваесетина маслинови лисја варете ги во 3 децилитри вода, се додека водата не изврие до 2 децилитри. Потоа чајот се процедува и се засладува со мед. Се пие наутро и навечер – пред јадење.

Други лековити својства на маслинката

Ако во децилитар маслиново масло ставите 2 супени лажици вински оцет, ќе добиете извонредно природно средство за спречување и ублажување на изгоретините од сонце. Пред употреба, маслото добро се протресува.

Кој сака здраво да потемни на сонце, после секое сончање може да испие по една супена лажица маслиново масло, а потоа и две лажици лимонов сок со малку вода.

Кај реуматските болки, разните воспаленија на кожата и при јадеж, многу е делотворна масажата со маслиново масло.

Чистото девствено маслиново масло помага и во терапија на разни екцеми и псоријаза.

 

Прочитајте и: