• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Brainfood - храна за мозокот

Кој сака да остане долго време во добра ментална форма мора да посвети внимание на правилната исхрана, објаснува виенскиот професор Dr. Hademar Bankhofer, кој посебно укажува на делотворноста на салатите, на морската риба и на јатчестите плодови.

„Брејнфуд“ („Brainfood“) е нов модерен назив за супстанциите кои му се потребни на мозокот. Тука спаѓаат: витаминот Ц, кој ја поттикнува работата на сите сиви клетки на мозокот, а кој намногу го има во цитрусните плодови, во јаболките, пиперките, јагодите и во многу други видови на овошје и зеленчук.

Бананите содржат големи количини на витамини од групата Б, магнезиум и калиум. Овие состојки го смируваат нервниот систем и ја подобруваат концентрацијата и памтењето. Витаминот Б6, кој го има во ова овошје, го регулира нивото на шеќерот во крвта, кој пак влијае на расположението. Бананата помага и при депресија. Триптофанот, кој се наоѓа во бананата, е вид на белковина која телото ја претвара во серотонин, кој е одговорен за доброто расположение.

За брзо и концентрирано учење се препорачува брокулата, која е богата со гликозинолати, каротиноиди, железо и калциум.

Покрај ова, тврди Dr. Hademar Bankhofer, нашиот мозок има потреба од постојано внесување на лецитин, кој го има во јајцата, производите од соја и во млечните производи. Тој вели дека морската храна, како што е лососот, скушата, туната и харингата ја подобруваат концентрацијата.

Каротиноидите во пиперката, исто така, ја поттикнуваат работата на мозокот. Dr. Hademar Bankhofer препорачува да се пие свеж сок од пиперка.

Зелената салата, спанаќот, зелката и на неа сличните зеленчуци, го снабдуваат мозокот со биоактивната супстанција хлорофил, која помага кислородот во мозокот да остане подолго во мозочните клетки и со тоа да биде подобро искористен за менталните активности.

Научниците велат дека за работата на мозокот е неопходно внесување на доволна количина на вода, бидејќи „Кој внесува малку течности, не може јасно да размислува и може да стане депресивен или агресивен“, тврди Dr. Bankhofer.

 

Прочитајте и: