• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Лековити зачини! Печати

Зачините не се само состојки кои го подобруваат вкусот на јадењата, туку можат да послужат и како делотворен домашен лек бидејќи содржат драгоцени состојки...

Лутата пиперка го намалува апетитот

Веќе подолго време се знае за позитивниот ефект на лутите пиперчиња на дигестивниот систем. Нивното смирувачко дејство помага во стварањето на „добрата“ желудникова киселина, и тие истовремено го прочистуваат желудникот.

Лутата состојка капсаицин за 20 пати го зголемува лачењето на плунка во устата, што значи и побрзо варење на храната. Не се создаваат масни наслаги, туку маста веднаш се претвора во енергија.

Исто така, се верува дека лутите пиперчиња можат да помогнат и при слабеење, бидејќи супстанцијата која ги прави „лути“ го забрзува метаболизмот на телото.

Но, во секој случај, треба многу да се внимава. Неодамна спроведената студија во Мексико докажала дека конумирање на повеќе од 9 јалапано пиперчиња дневно може да предизвика рак на желудник.

Црвените лути пиперки содржат големи количини на витамин Ц, дури повеќе од агрумите, а богати се и со витамин Б6, калиум, магнезиум и железо. Поради тоа, тие го јакнат имунолошкиот систем кај човекот.

Лутите пиперки, како додаток во исхраната, помагаат во спречувањето на кардиоваскуларните болеси, а кај лица кои боледуваат од зголемен холестерол во крвта, го успоруваат развојот на срцеви заболувања.

Можеби звучи необично, но лутите пиперки се многу корисни во борба против летните жештини. Консумирањето на пипречиња кои го зацрвенуваат лицето и го препотуваат телото, во суштина, помага во ладењето на телото и спасува од летните жештини.

Исто така, се верува дека лутите пиперчиња можат да се користат и во третманите на лечење на псоријазата, изгоретините и артритисот.

Освен тоа лутите состојки го поттикнуваат лачењето на хормонот на среќа, а среќните луѓе помалку јадат.

Се препорачуваат два лажички лута пиперка во прав дневно како додаток на јадењата.

Ѓумбир не ослободува од отровите

Коренот од ѓумбирот содржи етерични масла и лути состојки (гингерол), кои го смируваат нервниот систем, го поттикнуваат лачењето на плунка, желудечните сокови и жолчката. Со тоа мастите побрзо согоруваат. Оваа состојка ја поттикнуваат и работата на цревата и исфрлањето на штетните состојки од организмот. Ренданиот корен се додава во сосови, салати, ориз и месо.

Кога станува збор за лековитите својства на ѓумбирот, одамна е познато дека тој е одлично природно средство за смирување на сомачната нервоза. Исто така, консумирањето на ѓумбирот може да ги смири незгодните мачнини кои ги имаат патниците на бродовите за време на крстарење.

Во исхраната се користи корен од ѓумбир кој во 100 грама има енергетска вредност од 80 kcal, од кои: протеини 1,82 g. масти 0,75 g. и 18 g. јагленохидрати.

Ѓумбирот од минерали содржи калиум, бакар, магнезиум и манган. Од витамини содржи нешто витамин Ц, витамини од групата Б, како витамин Б 6, и во мали количини пантотенска кислеина и ниацин.

Ѓумбирот се користи како храна и лек веќе илјадници години, а едно американско истражување неодамна докажа дека ѓумбирот ги намалува негативните последици од хемотерапијата, кои ги имаат пациентите со рак.

Истражувањето, извршено на 644 пациенти, покажало дека пациентите кои дневно земале од пола до 1 грам сушен ѓумбир или таблета со ѓумбиров прав, чувствувале и до 40% помала мачнина и вртоглавица, кои ги предизвикува хемотерапијата.

Се уште со сигурност не се знае како ѓумбирот дејствува против мачнина, но американските експерти потсетуваат дека некои претходни истражувања покажале дека ѓумбирот во цревата дејствува како јак антивоспалителен агенс.

Мајоран и ориганото согоруваат масти

Листовите од овие растенија содржат етерично масло тимол, горчливи состојки и танин кои ја поттикнуваат работата на жолчката и црниот дроб. Исто така, тие ја стимулираат работата на бубрезите и исфрлањето на течностите од организмот. Тие се одличен додаток за тешките јадења како грав и свинско месо.

Ким го подобрува варењето

Маслото од семето (карвон) го поттикнува лачењето на желудечни сокови, делува смирувачки и помага при гасови во стомакот.

За надуен стомак пијте три филџани чај од ким (2 лажички ким прелијте со 250 мл вода).

Кимот одлично оди како додаток на месо и зелка.

Црн бибер за побрз метаболизам

Лутите состојки и танинот се ефикасни во борбата против бактериите и вирусите, а ја поттикнуваат и работата на бубрезите но ја активираат и работата на желудникот и цревата.

Секој ден испијте една чаша топло млеко со мед и малку бибер.

Кората од лимон го блокира претворањето на шеќери во масти

Една студија покажала дека состојката која ја има во кората од лимот (хидрокисицитрична киселина ХЦА) го спречува претворањето на вишокот јаглехидрати во масти. На тој начин се намалува количината на нови масни клетки за 79%.

Наједноставно е да исечете лимон со кората и да го конзумирате во текот на денот, под услов да не е прскан.

Сенфот согорува масти

Гликозидите во маслото од сенфот ја поттикнуваат циркулацијата и работата на жолчката, која ги согорува мастите. Сенфот се користи при подготовка на сите видови месо.

Цимет против напади на глад

Кората од цимет содржи етерични масла и танин, кој помеѓу другото ја поттикнува цирклулацијата и го забрзува метаболизмот.

Особено ефикасна е состојката метил-хидрокси калкон полимер, која потсетува на природен инсулин и го спречува пребрзото опаѓање на шеќерот, па чувството на глад се одложува. Најдобро е сомелен цимет да се додаде во утринско кафе, чај, мусли или јогурт, а дневната доза би требало да изнесува 1/4 лажичка.

Неизбежен зачин за божиќните колачи е, секако, циметот. Тој е еден од најстарите зачини. Се користи и за медицински цели, но еве на што сепак мораме да припазиме пред да се „предозираме“ со неодоливите божиќни колачи, кои не мамат со својот пријатен мирис на цимет.

При купување на цимет водете сметка за неговото латинско име, кое се наоѓа на оригиналната амбалажа, бидејќи секој цимет не е добар. Најраспространети се два вида на цимет: cinnamomum verum т.е. прав цимет, кој доаѓа од Шри Ланка и касија цимет или cinnamomum cassia.

Касија цимет е индонезиски цимет кој е многу раширен во прехрамбената индустрија, поради големата отпорност на растението, што значи дека тоа е полесно за одгледување.

Касија циметот има појак вкус и црвенкаста боја, за разлика од т.н. прав цимет. Касија циметот, исто така, содржи кумарин, токсична хемиска супстанција која, доколку се зема во големи количини, може да предизвика вртоглавица, мачнина, слабост, оштетување на црниот дроб, на бубрегот, па во најтешки случаи да предизвика внатрешно крварење и смрт.

Децата од претшколска возраст не би смееле да изедат повеќе од 4 кекси со касија цимет, постарите деца најмногу 6, а возрасните до 8 кекси. На трудниците воопшто не им се препорачува консумирање на овој вид цимет.

Значи, доколку веќе не е доцна, при купување на цимет, обрнете внимание на врстата на циметот. Цејлонскиот цимет можете да го јадете во неограничени количини, но, ако веќе сте го купиле касија циметот, не очајувајте, само неговата употреба сведете ја на најмала можна мерка.