• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Грејпфрутот предизвикува стварање на крвни тромби? Печати

Откако една жена за малку не ја изгубила ногата спроведувајќи диета со грејпфрут, лекарите предупредиле на некои компликации до кои може да дојде при претерано консумирање на грејпфрут.

Хирурзите, кои ја примиле жената со крвен тромб во карлицата, едвај ја спасиле нејзината нога од ампутација. Тие сметаат дека ензимите од грејпфрутот стапиле во интеракција со контрацептивните пипули и довеле до стварање на крвен тромб, пишува „Daily Mail“.

Диетата на која била 42 годишната пациентка се состоела од внес на само 800 калории дневно, со грејпфрути, кои ги согоруваат мастите.

Лекарите откриле дека во овој случај сокот од грејпфрутот го блокирал разградувањето на естрогенот од контрацептивните таблети што предизвикало стварање на крвен тромб, но жената имала и генетска предиспозиција за стварање на крвни тромби.

Исто така, било истакнато дека и многу други фактори можат да предизвикаат крвни тромби, како што се: наследните болести на крвотокот, но и возраста во која се земаат оралните контрацептивни таблети може да влијае на згрутчувањето на крвта.

На упатствата за употреба на оралните контрацептиви најчесто стои дека со употреба на истите, жените треба строго да се контролираат после 35 –тата година од животот, посебно оние кои пушат.

Нема сигурен доказ дека ензимите на грејпфрутот и контрацептивите се опасна комбинација, но мерки на претпазливост мора да постојат, како и редовни лекарски контроли.

„Познато е дека грејпфрутот може да го намали дејствотото на некои антибиотици и на статините, биејќи ја спречува апсорпцијата на активните супстанции на лековите“, изјавил Dr. Trevor Baglin, специјалист хемaтолог од Универзитетот Кембриџ.

Грејпфрутот е одличен извор на витамините Ц и А. Овие два витамини го јакнат имунолошкиот систем и овозможуваат антиоскидативна заштита. Исто така, грејфрутот е бофат со пантотенска киселина (витамин Б5), која има клучна улога во производство на клеткочна енергија. Тој е вогат со корисни нутритиенти, а сиромашен со калории. Пола грејпфрут има само 40 калории.

Грејпфрутот содржи пектин, несварливо растително влакно, растворливо во вода. Оваа молекула, поради својата специфична структура, во цревата создава гел кој ја спречува апсорпцијата на мастите, па затоа многу често овој вид на овошје се користи при диетите за слабеење.