• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Во Венецуела забранета Coca-cola „zero“

Министерот за здравје на Венецуела изјавил дека продажбата на Coca-colа „zero“ е забранета во земјата, истакнувајќи дека овој газиран пијалок без калории содржи штетни состојки.

Министерот Хесус Мантиља рекол дека оваа забрана има за цел „заштита на здравјето на жителите на Венецуела“. Тој, меѓутоа, не прецизирал кои состојки се сметаат за штетни, јавува венецуелската новинска агенција.

Претставниците од групата „Coca-cola“ изјавиле дека Coca-cola „zero“, во продажба во Венецуела од април, не содржи никаква штетна состојка, но ќе се прекине нејзиното производство во локалните погони и производот ќе се повлече од продажба се додека трае истрагата, пренесуваат агенците.

 

Прочитајте и: