• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Британска студија: Со сончање до подобри когнитивни способности

Убавите летни денови искористете ги за умерено сончање, советуваат научниците, бидејќи благодарение на витаминот Д се зајакнуваат когнитивните способности, а со самото тоа се намалува ризикот од деменција во староста, објавил британскиот „Telegraph“.

Британските научници неодамна спровеле студија со која е докажано дека витаминот Д има многу важна улога во јакнењето на когнитивните способности и дека е многу битно средовечните и старите мажи почесто да се изложуваат на „умерено“ сонце, како би го намалиле ризикот од деменција.

Во истражувањето учествувале повеќе од 3 000 мажи, на возраст од 39 до 79 години, а тестирањето било спроведено во 8 центри во Европа.

Кај испитаниците биле тестирани когнитивните способности, брзината на снаоѓање, психичката состојба и физичката спремност, а потоа од секој испитаник биле земени примероци од крв за да се одреди нивото на витаминот Д во организмот.

Заклучокот на студијата бил дека мажите кои во организмот имале повеќе витамин Д имале подобра меморија, полесно памтеле и физички биле поспособни.

„Претходните студии, кои се обидуваа да ја докажат врската помеѓу когнитивните способности и витаминот Д во организмот, не беа потполни, па постоеја многу нејаснотии. Нашата студија е спроведена на голем број луѓе и со сигурност можеме да кажеме дека со помош на витаминот Д се јакнат когнитивните способности и се намалува ризикот од деменција“, нагласил Dr. David Lee, научник од Универзитетот во Манчестер, кој ја предводел оваа клиничка студија.

Телото произведува витамин Д кога е изложено на сонце, а претходните студии покажаа дека овој витамин, исто така, штити и од пореметувања на метаболизмот, помага во борбата против срцевите заболувања и дијабетот.

„Витаминот Д е многу важен за организмот, но прекумерното изложување на јако сонце може да предизвика рак на кожа. Затоа е многу важно правилно да го одбереме времето кога ќе отидеме на сончање, а најдобро е тоа да биде во попладневните часови, кога сонцето е веќе на заоѓање“, предупредил Dr. David Lee.

 

Најчитани наслови