• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Џумбирот ја намалува мачнината предизвикана од хемотерапијата Печати

Зачините не се само состојки кои го подобруваат вкусот на јадењата, туку можат да послужат и како делотворен домашен лек бидејќи содржат драгоцени состојки...

Коренот од џумбирот содржи етерични масла и лути состојки (гингерол), кои го смируваат нервниот систем, го поттикнуваат лачењето на плунка, желудечните сокови и жолчката. Со тоа мастите побрзо согоруваат. Оваа состојка ја поттикнува и работата на цревата и исфрлањето на штетните материи од организмот. Ренданиот корен се додава во многу јадења, во сосови, салати, ориз и месо.

Кога станува збор за лековитите својства на џумбирот, одамна е познато дека тој е одлично природно средство за смирување на сомачната нервоза. Исто така, консумирањето на џумбирот може да ги смири незгодните мачнини кои ги имаат патниците на бродовите за време на крстарење.

Во исхраната се користи корен од џумбир кој во 100 грама има енергетска вредност од 80 kcal, од кои: протеини 1,82 g. масти 0,75 g. и 18 g. јагленохидрати.

Џумбирот од минерали содржи калиум, бакар, магнезиум и манган. Од витамини содржи нешто витамин Ц, витамини од групата Б, како витамин Б 6, и во мали количини пантотенска кислеина и ниацин.

Џумбирот се користи како храна и лек веќе илјадници години, а едно американско истражување неодамна докажа дека ѓумбирот ги намалува негативните последици од хемотерапијата, кои ги имаат пациентите со рак.

Истражувањето, извршено на 644 пациенти, покажало дека пациентите кои дневно земале од пола до 1 грам сушен Џумбир или таблета со ѓумбиров прав, чувствувале и до 40% помала мачнина и вртоглавица, кои ги предизвикува хемотерапијата.

Се уште со сигурност не се знае како ѓумбирот дејствува против мачнина, но американските експерти потсетуваат дека некои претходни истражувања покажале дека џумбирот во цревата дејствува како јак антивоспалителен агенс.

 

Најчитани текстови