• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Добри навики – лек за запек Печати

Околу 30% луѓе во светот патат од опстипација (запек). Ова непријатно пореметување е последица од лошата исхрана, но и стресот, физичката неактивност и лошиот тајминг на оброците се дополнителни фактори на ризик.

Да се испие на гладно чаша вода со неколку капки лимон и да се јаде што повеќе овошје е успешна формула за регулирање на варењето, тврдат нутриционистите. Овие на изглед мали, но делотворни трикови можат битно да ја подобрат функцијата на цревата и да ја намалат надуваноста, грчевите и сличните пропратни проблеми на опстипацијата од која, според последните проценки, патат околу 30% луѓе во светот.

Корисни влакна

Помалку од 3 столици неделно се смета за пореметување во варењето. Ако ги исклучиме цревните болести како причина за ова пореметување, повеќето луѓе патат од краткотрајни опстипации, односно од оние кои се јавуваат поради, на пример, патување, промена на средината или земање на некои лекови.

Најчесто пореметување е т.н. „споро минување на храната“. Се случува празнењето на вишокот кој сме го изеле да се одложи и после вообичаените 48 часа. Причините може да бидат различни, но најчесто се работи за лоши животни навики: внесување малку течности, недоволно движење, исхрана сиромашна со растителни влакна.

За да може организмот нормално да функционира, дневно треба да се внесат од 25 до 35 грама растителни влакна, а во европската исхрана просекот на внес на растителни влакна изнесува од 12 до 15 грама. На пример, само една шоља грав ќе обезбеди 30 грама растителни влакна.

Влакната се несварливиот дел од овошјето, зеленчукот и целите житарици. Тие се корисни бидејќи го одржуваат нормалното ниво на шеќерот во крвта, го снижуваат холестеролот и ја подобруваат функцијата на цревата. Влакната помагаат и во одржувањето на нормалната телесна тежина.

Истражувањата покажуваат дека лицата кои 10 години консумирале барем 20 грама растителни влакна дневно имале 3.5 килограми помалку од оние кои земале ист број на калории, но со 40% помал внес на влакна. Нутриционистите советуваат да се консумираат житарици за појадок, бидејќи со еден таков оброк се внесуваат минимум 7 грама влакна. Зеленчуци најбогати со растителни влакна се: магданос, зелка, компир.

Кога исхраната не е доволна

Сепак, понекогаш не е доволно само да ги промените прехрамбените навики и стилот на живот, туку се потребни и лаксативи за лечење на опстипацијата. Во зависнот од начинот на делувањето, постојат различни видови: лаксативи кои го надразнуваат нервниот систем, лаксативи кои делауваат така што ја зголемуваат масата на цревната содржина...

Но, најдобри се оние кои на природен начин го стимулираат работењето на цревата, односно оние кои на „здрав начин“ ја иритираат слузницата. Тие покрај тоа што го решаваат моменталниот проблем, генерално го подобруваат и варењето на храната.

Лаксативите можат да се купат во форма на сируп, таблети и чепчиња. Најбрзо делуваат чепчињата, најчесто во рок од само половина час, а таблетите го решават проблемот после 6 до 12 часа.

На пазарот има доста производи против запек, и со оглед на тоа што не се сите делотворни, без оглед на рекламната кампања која ви испраќа сосема поинаква порака, би требало внимателно да ги користите.

Најважно правило: од се по малку и умерено

За правилно варење на храната важен е и редоследот на земањето на храната. Се препорачува оброкот да го започнете со храна која прва се разградува: со јагленохирати, а потоа следат белковините, а дури на крај мастите.

Брзото јадење, исто така, не е добро. Тоа значи дека треба да земате мали залаци и добро да ги изџвакате. Секако, многу е важно и друштвото и атмосферата во која јадете.

Намалете го нивото на стресот, бидејќи стресот ја успорува апсорпцијата на храната. Се препорачува да се пијат доста течности помеѓу оброците и да се почитува правилото: од се по малку и умерено.