• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Краставица - идеална за детоксикација

Мислењето дека краставицата нема никаква хранлива вредност е потполно погрешно, тврдат нутриционистите. Нејзиниот биолошки состав, кој го сочинуваат витамини и минерали, го покажува спротивното.

Од витамини, краставицата е најбогата со витамин Ц, а во трагови ги содржи скоро сите витамини од групата Б и каротин.

Од минерали, краставицата има многу фосфор, калциум, железо, манган и јод. Има малку натриум и многу калиум, поради што не треба да се соли за да не се наруши постоечкиот однос на овие два минерали. Поради ваквиот однос на натриумот и калиумот, краставицата претставува јако диуретско средство. Затоа овој вид зеленчук се препорачува при отежнато мочање, при болести на срцето и бубрезите, како и против реума.

Бидејќи краставицата ја раствара мочната киселина, корисна е за лица со камен во бубрезите и во мочниот меур. Со тоа што го поттикнува излачувањето на водата од организмот, краставицата помага и во излачувањето на отровните материи и го чисти организмот. Затоа, краставица треба да јадат и жените кои патат од целулит.

Свежата краставица ја регулира работата на цревата и ја нормализира столицата. Им се препорачува на дијабетичарите, бидејќи го намалува нивото на шеќерот во крвта. Исто така, краставицата им се препорачува и на лицата кои се склони кон дебелење, како диетална храна.

Неупатените мислат дека младите плодови се подобри за јадење од зрелите, како што е случај со повеќето зеленчуци. Но, всушност тие се во заблуда, бидејќи незрелите краставици се потешки за варење, предизвикуваат надуваност на стомакот и ствараат гасови во цревата.

 

Прочитајте и: