• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Dr. Keshtgar: Фотодинамична терапија – нова надеж за пациентките со рак на дојка

Неинвазивниот третман за рак на дојка ќе биде презентиран на овогодишната научна изложба „Royal Society Summer Science Exhibition“ . Научниците, предводени од експертот за рак на дојка, Dr. Mo Keshtgar, први ја користат фотодинамична терапија за откривање и третман на најчестиот рак кај жената – ракот на дојката.

Фотодинамична терапија (PDT) користи светло за да ги уништи канцерските клетки. Оваа терапија може да ја замени класичната операција кај ракот на дојката, па дури, во некои случаи, може да биде и алтернатива на радиотерапијата.

Фотодинамичната терапија (PDT) се изведува така што прво се вбризгува лек на местото каде се наоѓа туморот. Лекот го прави подрачјето на туморот чувствително на светлина. Лекот се активира кога се усмерува светлосен зрак – црвен ласер во подрачјето каде е вбризган. Процесот го запира дотокот на кислород во клетките и тие умираат.

Новата техника на отстранување на рак на дојката е голем напредок во медицината. Таа е добра основа за идни истражувања за откривање на нови неинвазивни техники на лекување на ракот на дојка.

Првата фотодинамична терапија ќе биде изведена во Royal Free Hospital во Лондон.

Dr. Keshtgar вели:

„Основната карактеристика на фотодинамичната терапија е што таа ги напаѓа и уништува само канцерските клетки, додека околните здрави клетки остануваат неоштетени. Операцијата на ракот на дојката е трауматска и доведува до физички и емоционални лузни. Нашиот третман овозможува сочувување на дојката“.

Фотодинамичната терапија веќе се користи во третманот на немаленомскиот рак на кожа, за третман на рак на уста и некои други видови на рак. Но, тимот на Dr. Keshtgar е прв кој ќе го примени овој третман кај ракот на дојката.

Во тек се студии кои ја испитуваат можноста за примена на фотодинамичната терапија во третманот на ракот на простатата, ракот на жолчните патишта и ракот на панкреасот.