• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Салмонелата доаѓа со летото Печати

Труењата со храна предизвикуваат заболувања на дигестивниот тракт, а најчести се во лето, поради брзото размножување на бактериите.

Ако почувствувате мачнина, општа слабост, ако повраќате и при тоа имате уште и пролив и покачена температура, најверојатно се работи за труење со храна, типична летна болест на дигестивниот тракт. Освен што се јавува ненадејно, симптомите се манифестираат во тек на неколку часа.

Најчести се труењата со салмонела и стафилокок. На микроорганизмите, а обично тоа се бактериите, им годи влага и топлина. Затоа летото и летните жештини се идеални за нивно брзо размножување. Најосетливи намирници се: месо, посебно пилешко, потоа риба, јајца, млеко, колачи, сладолед.

Доволни се мали коричини на расипана храна за да дојде до симптоми на труење.

Летно време многу се опасни јајцата, па треба добро термички да се обработат. Јајцата се од надвор нечисти, а имаат и пори, па треба внимателно да се отвараат и да се пази лушпата да не падне во храната која се приготвува.

Потенцијална опасност претставува и пената од белките на јајцето, како и одстојани и подгревани сосови. Затоа е најдобро во летно време да не се јаде храна која била приготвена претходниот ден. Ако летно време храната се остави надвор, а не во фрижидер, бактериите се размножуваат во рок од 2 – 3 часа, а само некои микроорганизми можат да се уништат ако храната доволно термички се обработи.

Намирницата може да биде исправна, но може да содржи некои микроорганизми. Покрај тоа, таа може да се контаминира и со нечисти раце. Затоа наједноставна и најефикасна превентивна мерка е миење на рацете. Понекогаш причина за труење може да биде и нечиста вода, како и нечисти работни површини на кои се припрема храната. Затоа, свежото месо треба претходно да се испере со млаз вода, бидејќи на тој начин се намалува опасноста од зараза.

Мелено месо и млечни производи

Ризик постои и кај меленото месо и кај свежите млечни производи. Опасност претставуваат местата каде се готват оброци за многу луѓе. Опасни се домашните забави со многу луѓе, како што се свадби, родендени и слично.

Ако дојде до труење со храна, од голема важност е да се надокнади губитокот на течноста со пиење на незасладен чај или со јадење на супа во мали голтки. Ако е труењето јако и дојде до поголем губиток на течности, неопходно е веднаш да се отиде на лекар.