• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Студиите го довеле лекот „lantus“ во врска со ризикот од рак Печати

Лекот за дијабетичари „lantus“, на францускиот произведувач „Sanofi-Aventis“, може да го зголеми ризикот за добивање на рак, соопштило Европското здружение за истражување на дијабетот, истакнувајќи дека е потребно научниците да го проверат овој заклучок со нови истражувања.

Повикувајќи се на студиите со кои биле опфатени 300 000 пациенти на инсулин, од четири европски земји, Европското здружение за истражување на дијабетот објавило дека резултатите се далеку од конечни, но постојат „индиции дека се потребни понатамошни проверки“, пренесува Ројтерс.

Британската агенција потсетува дека новото соопштение е издадено по гласините дека употребата на „Санофиевиот“ долгоделувачки аналог на инсулинот може да има врска со зголемениот ризик од добивање на рак, после што вредноста на акциите на францускиот фармацевтски гигант паднале 12,3 % за два дена.

Лекот „lantus“ беше главниот двигател на растот во добивката кај „ Sanofi “ и со неговата продажба во 2008 година, остварен е приход од 2,45 милијарди евра. Аналитичарите очекуваа дека снажниот пораст во продажбата ќе продолжи и во наредните 5 години.

По создавањето на „lantus паниката“, „Sanofi“ соопштил дека резултатите кои ги објавило Европското здружение за истражување на дијабетот не нудат конечни и убедливи докази за можната врска на лекот со зголемениот ризик за добивање на рак.

„Клиничките студии, кои претставуваат златен стандард, не укажуваат на врската помеѓу лекот -„lantus" и ракот“, се наведува во соопштението.