• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Da Vinci роботизирана простатектомија -одстранување на ракот на простатата со помош на робот

Во една лондонска болница се применува нова техника на оперирање на ракот на простата. Наместо хирург, скалпелот го држи робот. Во Велика Британија само неколку доктори се обучени за изведување на роботизирана простатектомија.

Одстранувањето на ракот на простатата со помош на робот се вика Да Винчиева простатектомија, по италијанскиот уметнички гение, пионер на многу современи инструменти и уреди.

Америка најмногу напреднала во примената на роботизираната простатектомија. Таа е најчест избор на американските доктори, бидејќи е најпрецизна и пациентот брзо се опоравува по операцијата.

Роботизираниот хируршки систем со две камери развиен е во лабораториите на НАСА. Тој е исклучително прецизен. Со него управува хирург со помош на компјутерска конзола која дава тродимензионална слика.

„Ви се чини како да сте внатре, гледате кристално чисто и поради тоа можете да правите движења како кај нормална операција, но далеко попрецизни“, објаснува Dr. Vipul Patel.

Порад прецизноста, овој начин на одстранување на ракот на простатата дава поголеми шанси пациентот да се излечи. Операцијата е помалку болна, бидејќи се изведува низ неколку минијатурни резови. Пациентот ја напушта болницата 24 часа после интервенцијата.

Да Винчиевата простатектомија за прв пат е применета пред 10 години, но поради високата цена на компјутерскиот систем сеуште не е широко распространета.

Статистиките велат дека секој 6-ти маж заболува од рак на простата. Тоа е втор тумор по честота кај мажите, после ракот на белите дробови.

ВИДЕО: Роботизирана простатектомија