• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Тенорексија – нова зависност? Печати

Верувале или не, постои и нова зависност за која лекарите ширум светот се повеќе зборуваат, посебно пред почеток на летото. Тоа е зависноста од препламнета кожа. На оваа зависност, научниците веќе и дале име – тенорексија.

Тенорексијата е телесна зависност, како и анорексијата. Како што анорексичарот никогаш самиот за себе не мисли дека е доволно слаб, така ниту тенорексичарот никогаш не е задоволен со препланетата боја на својата кожа, велат научниците.

Луѓето кои се опседнати со постојано одржување на темната боја на кожата одат во солариуми и постојано се „печат“ на сонце.

Најновите истражувања укажуваат дека тенорексичарите имаат некој вид на невробиохемиска предиспозиција која ги тера да се „сончаат по секоја цена“.

Имено, познато де дека изложувањето на сончева светлина ја намалува депресијата и го подобрува расположението, а некои луѓе претеруваат во тоа стварајќи зависнот.

Типични тенорексичари се воглавно слаби жени, на возраст до 16 до 40 години, дехидрирани со диети и со прекумерно изложување на сонце.

Претераното изложување на сонце не е здраво. Тоа може да доведе до појава на рак на кожа, до флеки, изгореници и други заболувања на кожата, предупредуваат лекарите.

Поради претераното сончање во солариумите и изложувањето на сончевите зраци, меланомот стана најчеста болест на младите девојки на 20 годишна возраст. Секоја година околу 340 девојки во своите 20-ти години од животот добиваат малиген меланом – една девојка заболува скоро секој ден во годината.