• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Лековитите својства на дудинката Печати

Сега е време кога созреваат дудинките. Дудинките се вкусни и хранливи. Содржат природни шеќери и витамини, а скоро сите делови од оваа билка имаат многу лековити својства.

Дудинката (Morus) им е позната уште на древните народи на Далечниот исток. Во Европа, па така и на Балканот, е донесена подоцна. Иако по потекло е дива и самоникната билка, денес во светот постојат многу врсти. Најпознати се белите, црните и црвените дудинки.

Белата дудинка одамна се гаела, посебно во земјите произведувачи на свила, бидејќи нејзините листови служат како храна на свилените буби, додека црната дудинка се цени поради своите плодови кои се многу здрави за исхрана на човекот, но и на домашните животни (живината). Овие две врсти на дудинки се најзастапени во нашите краеви.

Дудунката цвета во мај. Плодовите се состојат од густо збиени топченца (слични на капинката). Созреваат постепено, од крајот на јуни до август. Зрелите плодови се сочни, благи, меки и вкусни за јадење. Содржат природни шеќери (најмногу гликоза) вода, лимонска и јаболчна киселина, пектини, танин, смола, витамини Ц и Б2. Од минерали најмногу содржат железо, калциум и манган. Белата дудинка е поблага, бидејќи има повеќе шеќери, а помалку органски киселини.

Чај од листовите на дудинката, вино и ракија од плодовите

Дудинката има многу лековити својства. Од исушените лисни пупки се прават чаеви, кои се корисни против гојазност, срцеви заболувања и заболувања на крвните садови.

Освен плодовите, летно време се берат и листовите, кои можат да се исушат на проветрено и темно место. Се користат како додаток на варивата или припремени како чај. Помагаат во лекувањето на шеќерната болест.

Рецепт за чај од листови на дудинка

За чај ви се потребни 100 g свежи или исушени лисја, кои ќе ги ставите во сад и ќе ги прелиете со зовриена вода. Потоа поклопете го садот и остаете го да одстои 10 часа. Потоа процедете го и пијте го повеќе пати на ден, како замена за вода.

Провриената вода од кората на дрвото се препорачува против висок крвен притисок и запек. Прашокот од кората на дудинката се користи за рани, бидејќи го забрзува нивното зараснување.

Недозреаните дудинки се добри за запирање на проливот, додека пак зрелите дудинки ја регулираат столицата и го чистат организмот. Свежиот сок од дудинки го поттикнува мочањето, потењето при висока телесна температира, го олеснува искашлувањето на слузта од дишните патишта и служи за испирање на грлото и усната шуплина. Сирупот, добиен со испрарување на сокот, сличен е на мед и ги задржува сите корисни и лековити својства на плодот.

Зрелите дудинки се јадат свежи, исушени или преработени како џем, слатко, компот и желе. Од нив се прави и вино и ракија. Исушени и ситно смелени, можат да послужат како природна замена за шеќерот, па може да се додаваат во разни теста и колачи.

Рецепт за џем од дудинки

Еден килограм дудинки ставете ги во лонец, додадете 500 грама шеќер и варете ги 20 минути на тивок оган, со повремено мешање. Отсранувајте ја пената која се подига при варењето. При крај, додајте и две лажици сок од лимон.

Доколку саката смесата да биде погуста, додадете една кесичка желе во прав.

Уште додека е жежок џемот, ставете го во стаклени тегли, добро затворете ги и свртете ги да стојат наопаку околу 5 минути. Потоа вратете ги во првобитната положба, оставете ги да се оладат и чувајте ги на темно и ладно место.

 

Најчитани текстови