• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Хемотерапија и инумотерапија (БСЖ) PDF Печати
Вторник, 17 Јуни 2008 20:09
Индекс на артикл
Хемотерапија и инумотерапија (БСЖ)
Страна 2
Сите страници

Примената на хемотерапијата кај малигните тумори на мочниот меур зависи од тоа дали малигниот процес е сместен површно или е инвазивен (ги зафатил подлабоките слоеви на мочниот меур) или веќе метастазирал.

Хемотерапијата може да се применува:

  • локално (интравезикално) или
  • системски (преку инфузии на цитостатици во вена).

Кој вид на хемотерапија ќе се примени зависи од тоа дали се работи за површен или инвазивен тумор.

Интравезикалната хемотерапија

Интравезикалната хемотерапија најчесто се користи кај површни тумори (Т0, Т1, Тis) ограничени на мукозата и супмукозата на мочниот меур. Таа најчесто е профилактична, адјувантна хемотерапија и се спроведува по реализираната трансуретрална ресекција на туморот (ТУРТ).

alt

Интравезикалната хемотерапија е воведена уште во 1960 година, а првите обиди ги направил Sеmple со примена на профилин 76, а после една година Jones и Swinney применувале интравезикална хемотерапија со tiotepa. Нивните студии покажале добри резултати, односно добри ремисии.

Најчинот на спроведување на интравезикалната хемотерапија е различен.

Најчесто се спроведува со инсталација на цитостатикот еднаш неделно во тек на првиот месец, а потоа еднаш месечно во тек на една година. Цитостатикот е во контакт со слузницата на мочниот меур обично 60 минути. Лекот се внесува преку катетер во претходно испразнет мочен меур. Болниот не треба да зема многу течности 12 часа пред инсталирање на лекот за да не се намали неговата концентрација во мочниот меур и не треба да моча најмалку еден час по инсталирањето на лекот. Тој треба да ја менува положбата на секои 15 минути за да биде целиот мочен меур во контакт со инсталираниот лек. Искуствата со примената на tiotepa се најдолготајни и најпотполни. Се применува во доза од 30-60 мг растворена во 50 ccm дестилирана вода.

alt

Како негативни особини на лекот се: силно локално иритирачко дејство врз слузницата на мочниот меур со појава на цистични тегоби и можни болки.

Во последно време, за интравезикална инсталација се користи цитостатикот Mitomycin C, кој дејствува преку инхибирање на синтезата на ДНА.

Друг цитостатик, кој исто така се применува за интравезикална апликација е и Adriamicin, во дози од 50мг. Овој цитостатик доведува до цистити и слабо се ресорбира.

Поретко се користат: doxorubicin, 5-fluorouracil, epirubicin, bleomycin и други.

Инравезикалната хемотерапија се спроведува по реализираната трансуретрална ресекција на туморот, посебно кога не е можно да се отстранат сите видливи, најчесто папиларни туморски творби, потоа, кај carcinoma in situ и кај пациенти со чести рецидиви на карциномот на мочниот меур.

Интравезикална хемотерапија кај carcinoma in situ се применува после направен ТУРТ, бидејќи овие тумори често рецидивираат (се повторуваат).

Трансуретрална ресекција и интравезикална хемотерапија со mitomycin

Интравезикална апликација на БСЖ (имунотерапија)

Morales и неговите соработници ја вовеле БСЖ вакцината во терапија на површните тумори на мочниот меур. Нивните студии со интравезикално инсталирање на БСЖ вакцината покажале добри резултати.

БСЖ е терапија на избор кај Тis. Тој се аплицира интравезикално во доза од 120 mgr растворен во 50 ml физиолошки раствор,еднаш седмично во тек на 6 седмици.

За да се постигне оптимален одговор, често се потребни два последователни шестоседмични курса на интравезикална апликација на БСЖ.

Денес се смета дека БСЖ е многу подобра терапија од терапијата со цитостатици.