• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Одржан конгресот на Американското гастроентеролошко друштво Печати

Претпоставката дека промената на исхраната може битно да влијае на зголемувањето односно на намалувањето на честотата на ракот на дебелото црево, без оглед на генетиката, добила и научна потврда.

На неодамна завршениот најголем гастроентеролошки собир, конгресот на Американското гастроентеролошко друштво, одржан во Чикаго, Prof. dr. Richard Boland од Универзитетот Baylor во Далас ги изнел податоците од студијата која потврдила дека преголемата консумација на црвено месо, на „fast food“ храната и пушењето можат значително да го зголемат ризикот за рак на дебело црево.

„Со тоа ние самите можеме да си го намалиме ризикот за рак на дебело црево“, изјавил Prof. dr. Richard Boland.

„Во студијата беа следени Јапоници кои емигрирале во Калифорнија и кај тие кои го промениле начинот на исхрана (западна исхрана) значително беше зголемен бројот на заболени од рак на дебело црево, додека такво зголемување не беше забележено кај членовите од иста фамилија, а кои останале на стар начин на исхрана“, вели Prof. dr. Richard Boland.. Тој додава дека е потврдено претходното верување дека генетикта не е секогаш одлучувачка во тоа дали ќе заболиме или нема да заболиме од рак на дебело црево, па можеби и од други малигни болести. Поради тоа, со превенција можеме значително да ги намалиме факторите на ризик.

Кога се говори за ракот на дебелото црево, на конгресот било исто така нагласено дека раното откривање на болеста значително ги зголемува можностите за излекување. Исто така и новите дијагностички методи за кои се говорело на конгресот не се толку инвазивни и даваат посигурни податоци за болеста.

„Се почесто се користат видеоендоскопи со бело светло. Со помош на овие видеоендоскопи се добиваат многу јасни слики и кои може да се зголемуваат, па со хромендосопијата или виртуелната хромендосопијата можат да се откријат и мали промени кои се излечиви, што е многу важно ако се знае дека од 10-те најчести карциноми кај мажите и жените, 5 се развиваат во органите на системот за варење“, објавиле учесниците на конгресот.

Затоа во центарот на вниманието на научниците биле уште два вида на рак и тоа:

  • хепатоцелуларниот карцином или примарниот рак на црниот дроб, кој е во 80% од случаите предизвикан од вирусниот хепатит и
  • ракот на хранопроводникот предизвикан од гастроезофагеалниот рефлук (состојба кога желудечната киселина с враќа во хранопроводникот и ја нагризува неговата слузница).

Anna Lok од Универзитетот во Мичиген истакала дека е неопходно рано лекување на вирусниот хепатит Б и Ц. Но, посебно е важно да се вакцинираат новороденчињата против хепатитот, бидејќи на тој начин се намалува и ризикот да се заболи од хепатит Б, а со тоа успешно може да се превенира и ракот на црнот дроб.

Поради начинот на живот се почесто се развива гастроезофагеален рефлук, а потоа и Баретов хранопроводник, кој претставува предканцерогена состојба, речено е на конгресот. Овие пациенти имаат 200 пати поголема можност за развој на рак на хранопроводник. Со новите модерни дијагностчки методи денес е можно да се открие раната фаза на оваа болест и многу успешно да се излечи и тоа со термоаблација, со фотодинамска терапија, со ендоскопско отстранување на делот од ткивото и со радиофрекфенција. Овие методи биле презентирани на конгресот.

Дебелината го загрозува црниот дроб

На конгресот, секако, не можело а да не се спомнат и неалкохолните болести на црниот дроб или „масниот црн дроб“, кој може да доведе до цироза, а таа да доведе подоцна до рак на црниот дроб. „Масен црн дроб“ се јавува кај дебелите луѓе. За овој проблем говори и фактот дека „масен црн дроб“ имаат 33% од дебелите Американци.

„Со оглед на тоа што се почесто имаме лоши навики на исхрана, стануваме се подебели, па на светот му прети епидемија на неалкохолни болести на црниот дроб. Уште полошо е што болестите на црниот дроб се тивки, односно долго траат додека не се појават првите симптоми“, предупредува Prof. dr. Arun Sanyal, идниот председател на Американското друшто за болести на црн дроб. На конгресот е истакнато дека приоритет е намалувањето на телесната тежина и раното откривање на неалкохолните болести на црниот дроб, како би можеле да се лечат во рана фаза.