• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Здравје во боја на виножито

Со начинот на исхраната можеме да го подобриме, но и да го влошиме здравјето на нашиот организам. Во потрага за здравје и извор на младост, наместо индустриска храна и препарати, свртете се кон сезонското овошје и зеленчук со прекрасни и разновидни бои: црвена, жолта, портокалова и зелена.

Четири групи на бои

Храната ја делиме во 4 групи бои; жолто-портокалова, црвена, зелена и сино-виолетова, кои би требало секојдневно да ги внесуваме со исхраната, истакнуваат нутриционистите.

Жото-портокалово овошје и зеленчук: морков, тиква, пченка, манго, папаја, грејпфрут, портокал, мадарина, кајсија, праска.

Црвено овошје и зеленчук: црвена пиперка, ротквица, домат, цвекло, малина, јагода, лубеница, вишња, црешна.

Зелено овошје и зеленчук: спанаќ, блитва, брокула, тиквичка, зелена салата, грашок, боранија, киви, авокадо, млад лук и кромид.

Сино-виолетово овошје и зеленчук: црвена зелка, модар патиџан, слива, грозје, боровинка.

Превенција на болести

Ако во исхраната внесуваме голема количина на овошје и зеленчук во различни бои, можеме да спречиме многу современи заболувања како што се: кардиоваскуларните заболувања, остеопорозата, дијабетот и малигните заболувања, кои се јавуваат како последица на современиот начин на живот и исхрана.

За да разбереме зошто храната има така важно и големо влијание на организмот, потебно е да знаеме што таа содржи. Лековитоста на храната можеме да ја препишеме на сите фитохемикалии од овошјето и зеленчукот. Овие фитохемикалии имаат изразено антивоспалително и антиоксидативно дејство. Тие го поттикнуваат природниот одбрамбен механизам на организмот во борба против отровите и на тој начин позитивно делуваат на здравјето.

Противвоспалително делување

При воспалителниот процес се ослободуваат штетни материи кои го поттикнуваат забрзаното разможување на клетките. Истражувањата покажуваат дека нивото на воспалителната супстанција - Ц реактивниот протеин може да предупреди за постоење на воспалителен процес во организмот.

Добра вест е дека многу фитохемикалии од храната се покажале како моќни борци против воспалението. Една од најјаките фитохемикалии против воспалението е куркуминот, жолт пигмен од растението куркума, а не смееме да ги заборавиеме и познатите омега 3 масни кислеини, чиј доволен внес во организмот, во значителна мерка, може да го намали ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања.

Други материи кои имаат антивоспалително дејство се карносолот од розмаринот и црвениот пигмент –антоцијан од вишните.

Моќ на детоксикација

Нашето тело има и систем за отстранување на токсичните и штетни материи.

Материите кои ги потпомагаат тие процеси се сапонините од мешункастиот зеленчук, кои ги врзуваат молекулите на холестеролот во системот за варење пред тие да се ресорбираат во крвотокот. Овие и другите „чистачи“ на организмот ги отстрануваат и канцерогените материи, а тие чистачи се наоѓаат во многу видови овошје и зеленчук, како што се: јагодата, ананасот, морковот, пиперката, брокулата и многу други. Зелениот листест зеленчук со горчлив вкус ја поттикнува работата на црниот дроб и на жолчката. При тоа доаѓа до врзување на токсичните тешки метали во тенкото црево, што ја оневозможува нивната апсорпција, односно го поттпомага нивното излачување надвор од организмот.

 

Прочитајте и: