• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Писмо од наш посетител Печати

Почитувана д-р. Ацева

Се согласувам дека мажите многу помалку одат на превентивни прегледи и дека многу од нив и воопшто не се информирани за ракот на тестис. Јас во jануари 2009 година бев опериран и едниот тестис ми беше одстранет. По операцијата примав два циклуси на хемотерапија, по ваша препорака.

Пред да ми се случи болеста како во магла можеби еднаш сум слушнал дека кај мажите можело да се случи рак на тестис. Но, никогаш не сум бил на превентивен преглед и не сум правел самопрегледи, бидејќи да бидам искрен и не сум знаел дека треба.

Меѓутоа, многу повеќе сум се грижел на некои од припадничките на женскиот пол, кои ми се блиски, да не им се случи рак на дојка или на матка и сум им советувал редовни прегледи (тоа секако се должи на раширената кампања за овие болести и добрата информираност – секако тоа е за поздравување!).

Откако ми се случи болеста научив дека исто како и припадничките на женскиот пол и мажите е потребно да прават самопрегледи и да одат на редовни контролни прегледи.

Затоа ја поздравувам Националната недела на здравјето на мажот и поддржувам секакви кампањи и иницијативи за превентивно едуцирање на мажите во оваа насока.

Поздрав.